Кока-Кола најави нов повеќе годишен спонзорски договор со Лотус Ф1 преку своите Burn енергетски пијалоци. Производот е веќе рекламиран во широк спектар на екстремни спортови, вклучувајќи скејтбординг, аикидо и скијање. Детали за спонзорството ќе бидат објавени во 2013 година, кога партнерство и официјално ќе започне.
Ерик Булие, шефот на Лотус, изјави:
"Ние сме горди што Кока-Кола го избра Лотус Ф1 како најдобро средство за да го престави својот бренд. Ние сме радосни што со партнер како Burn ќе градиме нов и иновативен модел за спонзорство кое ќе е комбинација од искуства, создавање на содржина и социјалните медиуми, област во која нашиот тим е во најголем пораст меѓу навивачите во Формула 1 за изминатите 18 месеци."
ЛОТУС Ф1 ЈА ДОНЕСЕ КОКА-КОЛА ВО ФОРМУЛА 1
11/22/2012 02:47:00 PM
0
Tags
Share to other apps