2012 Бразил ГП - последна трка од Шампионатот. Тоа не очекува на Autodromo Jose Carlos Pace. Се префрламе од топлиот Тексас, САД, во Јужна Америка за "ПОСЛЕДНАТА САМБА" од сезоната. Патеката, која е долга 4.309км. и се наоѓа во Интерлагос, е брза и една од ретките што се вози спротивно на стрелките на часовникот. Нерамниот асфалт и постојаните угорнини и удолнини значи дека болидите и возачите ќе треба да го дадат својот максимум.
Тековниот изглед на патеката датира од 1990 година, кога должината беше намален од 7829м. на 4309м. Нискиот воздушен притисок, кој се должи на надморската височина, влијае на излезната сила на моторот. Кривината 13, лева кривина на угорнина, го означува почетокот на еден од најдолгите и најбрзи сектори во Ф1 календарот, кој бара многу енергија од болидите.
Пирели ги донесе истите гуми од Остин, т.е. гуми со тврда и медиум компонента. Но, за разлика од САД, овде треба многу повеќе да се трошат, па Ф1 тимовите ќе треба да посветат повеќе време на одбирање на вистинската стратегија. Во петокот, на тренинзите, ќе ги видиме и гумите за 2013 година.
П.С. - Наше мислење кој ќе ја освои Титулата
Оваа трка единствено може да донесе возбудувања, ако небото над Интерлагос донесе дожд за време на Квалификациите и Трката. Тогаш, Алонсо и Ферари би имале шанси да го победат Ред Бул на патеката. Ферари покажа дека е добар на дожд, и Алонсо секако ќе е на Подиумот. Е сега, во зависност од тоа на кое скалило ќе биде, Ветел ќе треба да е не погоре од 5-то, 8-мо, 10-то место. Но, и исклучително пороен дожд се многу лоши вести, бидејќи ако трката биде запрена на помалку од 75% до финишот, Алонсо не ќе биде во можност да ја освои Титулата. Секако и ова сценарио е потешко остварливо со Ветел на патеката, но доколку времето биде сончево, тогаш Ветел е во добитна положба, што го потврдува и минатогодишната трка - линк - Единствено може да им го расипе славјето, фамозниот алтернатор на Рено, кој за оваа трка ќе биде по нови подобрени спецификации, и секое друго негово испаѓање од трката.
Мекларен може да биде пречка во амбициите на Ферари, бидејќи секако дека Британците сакаат да ги поминат Италијанците во конструктори. Едно место погоре повеќе пари во кесето. Кое е вашето разлислување?!?
Квалификациите во Сабота и Трката во Недела започнуваат во 17:00 СЕТ.
ВО ПРЕСРЕТ НА 2012 БРАЗИЛ ГП - ФИНАЛНА ТРКА
11/22/2012 07:27:00 PM
0
Tags
Share to other apps