Ако го земеме пласманот од минатата година, тимовите наместо досегашната котизација од 397.899 $ ќе требаше да платат по следниот редослед:
Ред Бул (650 поени) 4.400.000
Мекларен (497 поени) 2.985.000
Ферари (375 поени) 2.375.000
Мерцедес АМГ (165 поени) 1.325.000
Лотус (73 поени) 865.000
Форс Индија (69 поени) 845.000
Заубер (44 поени) 720.000
Торо Росо (41 поени) 705.000
Вилијамс (5 поени) 525.000
Катерам (0 поени) 500.000
ХРТ (0 поени) 500.000
Марусија (0 поени) 500.000
*Сумите се во Американски долариСпоред ажурираните спортски правила тимови ќе мора да ја платат котизацијата за следната сезона до 30 ноември. Одлуката на ФИА е со намера да си ги зголеми приходите што ги добива од овој мотоспорт. Криза е, а мора да се преживее :).