Повторно сите гледаат во задницата на Ред Бул
Себастијан Ветел успеа да биде пред Луис Хамилтон на вториот слободен тренинг за Абу Даби Гран При. Двајцата беа половина секунда пред сите останати. Ветел успеа да го забележи најбрзото време, но неговата доминација не е баш толку сигурна, како во претходните трки. Но, се очекуваше да биде нападнат од Ферари, а не од тимот на Мекларен и Луис Хамилтон. Вториот тренинг покажа дека Мекларен повторно имаат проблеми со меките гуми на Пирели, кои тешко успеваат да ги загреат на посакуваната работна температура. Тоа донекаде му дава предност на Ред Бул за утрешните Квалификации. Да не заборавиме дека температурата на патеката падна за повеќе од десет степени за разлика од првиот тренинг, а квалификациите се во овој термин, па и тоа ќе биде една од варијаблите на кои треба да се смета.Марк Вебер не успеа да направи кругови со многу гориво, бидејќи се појави истекување на вода од неговиот болид, и тој се појави на патеката, но направи само неколку круга. Дека Ферари имаше лош ден, покажаа и болидите на Лотус кои беа пред нив со петто и шесто најбрзо време. Ферари може да се радува само на темпото при долгите стинтови, но во моментов тие изгледаат прилично далеку од првите позиции во квалификациите, што не е добра вест за шампионските амбиции на Алонсо. Можно е утре да покажат брзина, но тешко дека ќе се борат Пол позицијата. Ферари повторно ќе се брзи во трката, но квалификациите...
Одговорот ќе го добиеме утре со почеток во 14:00 CET.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:41.751 33
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:41.919 + 0.168 33
3. Џенсон Батон Мекларен 1:42.412 + 0.661 35
4. Марк Вебер Ред Бул 1:42.466 + 0.715 21
5. Роман Грожан Лотус 1:42.500 + 0.749 33
6. Кими Раиконен Лотус 1:42.532 + 0.781 27
7. Фернандо Алонсо Ферари 1:42.587 + 0.836 30
8. Фелипе Маса Ферари 1:42.823 + 1.072 32
9. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:42.998 + 1.247 36
10. Серџо Перез Заубер 1:43.106 + 1.355 35
11. Бруно Сена Вилијамс 1:43.191 + 1.440 33
12. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:43.200 + 1.449 35
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:43.255 + 1.504 33
14. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:43.267 + 1.516 31
15. Пол ди Реста Форс Индија 1:43.578 + 1.827 33
16. Камуи Кобајаши Заубер 1:43.689 + 1.938 31
17. Даниел Рикардо Торо Росо 1:44.260 + 2.509 26
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:45.073 + 3.322 18
19. Виталиј Петров Катерам 1:45.245 + 3.494 35
20. Хеики Ковалаинен Катерам 1:45.782 + 4.031 32
21. Тимо Глок Марусија 1:46.589 + 4.838 34
22. Чарлс Пик Марусија 1:46.671 + 4.920 30
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:46.707 + 4.956 25
24. Нараин Картикијан ХРТ 1:47.406 + 5.655 34