Хамилтон ја прекина доминацијата на Ред Бул
Луис Хамилтон ја прекина Ред Бул монотонијата со доминантно најбрзо време на денешните квалификации за Абу Даби ГП-то. Ова е негова 25-та Пол Позиција. Зад него се пласираше Марк Вебер кој беше побрз од својот тимски колега Себастијан Ветел на третата стартна позиција.Уште од почетните моменти на квалификационата сесија се виде дека Хамилтон е најбрзиот возач и дека нема конкуренција во нити еден друг возач.За разлика од него ривалите за Титулата, Себастијан Ветел и Фернандо Алонсо, имаа разочарувачка квалификациска сесија. Германецот на крај не стигна до боксот поради наредбата од својот инженер веднаш да го запре болидот на патеката, а неговиот Ферари ривал стигна само до седмата стартна позиција. Кристијан Хорнер објасни дека запирањето на болидот на Ветел било побарано од механичарите на Рено, што значи проблемот е во моторот. Ако на крај излезе дека немало доволно гориво во него, тоа би значело бришење на постигнатите времиња, и старт од последната позиција на Себастијан Ветел.
Пастор Малдонадо повторно блесна со болидот на Вилијамс и стигна до одличната за него четврта позиција, а зад него се пласираа Кими Раиконен и Џенсон Батон кои беа едни од ретките возачи кои ги подобрија своите времињапри своите втори излегувања во Q3 сесијата.
За разлика од нив Нико Розберг направи само еден брз во Q3 и првично беше петти најбрз возач, за потоа да падне на осмата позиција. Перформансите на Розберг се одличен поттик за Мерцедес АМГ за она што изгледаше како да биде уште еден разочарувачки викенд. Неговиот тимски колега Михаел Шумахер беше само 14-ти најбрз, а по радиото слушнавме многу заемни извинување.
Дека не оди се како што поскуваат во Ферари, докажа и деветата стартна позиција на Фелипе Маса, пред Лотусот на Роман Грожан. Трката започнува утре во исто време т.е. 14:00 CET.
Следете го најдобриот Формула 1 блог во Македонија или нашата ФБ страница за најбрзо да дознаете за потенцијалните казни за возачите кои се под истрага, пред се Себастијан Ветел.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:40.630
2. Марк Вебер Ред Бул 1:40.978 + 0.348
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:41.073 + 0.443
4. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:41.226 + 0.596
5. Кими Раиконен Лотус 1:41.260 + 0.630
6. Џенсон Батон Мекларен 1:41.290 + 0.660
7. Фернандо Алонсо Ферари 1:41.582 + 0.952
8. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:41.603 + 0.973
9. Фелипе Маса Ферари 1:41.723 + 1.093
10. Роман Грожан Лотус 1:41.778 + 1.148
Q2 најбрзо време: Л.Хамилтон 1:40.901
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:42.019 + 1.118
12. Серџо Перез Заубер 1:42.084 + 1.184
13. Пол ди Реста Форс Индија 1:42.218 + 1.317
14. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:42.289 + 1.388
15. Бруно Сена Вилијамс 1:42.330 + 1.429
16. Камуи Кобајаши Заубер 1:42.606 + 1.705
17. Даниел Рикардо Торо Росо 1:42.765 + 1.864
Q1 најбрзо време: Л.Хамилтон 1:41.497
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:44.058 + 2.561
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:44.956 + 3.459
20. Чарлс Пик Марусија 1:45.089 + 3.592
21. Виталиј Петров Катерам 1:45.151 + 3.654
22. Тимо Глок Марусија 1:45.426 + 3.929
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:45.766 + 4.269
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:46.382 + 4.885
107% време: 1:48.601