Во Сингапур се случи истото како и на последната трка во Абу Даби!!!
Мартин Витмарш, тимскиот шеф на Мекларен, верува дека Луис Хамилтон на моменти се кае за преминувањето на Мерцедес АМГ откако договорот беше објавен во јавноста.
Хамилтон веќе ги минимизираше неговите надежи за следната сезона, и тој зборува за неговата желба да го врати тимот на Мерцедес во врвот, како една од примарните причини зад својот потег.Витмарш за официјалниот сајт на Формула 1 изјави:
"Мислам дека тој во одредени моменти се кае за трансферот. Веројатно, кога ќе донесете одлука, треба да си кажете дека одлуката е направена и мора да се гледа кон иднината. Природно е за Хамилтон да ги потенцира позитивните работи зад трансферот во послаб тим од Мекларен. Треба да ја оправда својата одлука. Тој нема да каже, еј, тие ми понудија повеќе пари. Тој, исто така, нема да каже дека направил страшна грешка. Тој ја донесе таа одлука и тој мора да живеее со таа одлука."
" Искрено, не ја знам вистинската причина зошто си замина, а ако би шпекулирал, според мене, првата причина е дека доаѓа време кога човек чувствува дека мора да ги напушти своето гнездо. Тој ми ја кажа својата одлука веднаш по Сингапур ГП-то и јас сум прилично сигурен дека тој се двоумеше се до понеделникот или вторникот по Сингапур. Мислам дека е лошо да се донесуваат одлуки како последица на лоша трка."
"Јас ја почитувам неговата одлука, но верувам дека ќе му беше подобро со нас, бидејќи ние сме посилен тим. И имаме намера да го победиме следната година."