Дали ќе проработат најновите надградби? Прашање од чиј одговор зависи Титулата.
Луис Хамилтон го забележа најбрзото време на првиот слободен тренинг за Абу Даби ГП-то, а Мекларен доминираше на Yas Marina. Тоа беше потврдено со второто место на
Џенсон Батон, кој своето најбрзо време го постави многу подоцна од Хамилтон. Себастијан Ветел беше трет најбрз, но 0.7 секунди побавен од најбрзото време, но поважно за Германецот е што беше 0.3 секунди побрз од Фернандо Алонсо. Ферари за прв пат оваа сезона ја прекршија забраната за работа во текот на ноќта(од 04:00-10:00). Наместо да работат до доцна во ноќта тие дошле рано изутрина да работат на подготовка на болидот за првиот тренинг. Дозволени се четири вакви игнорирања на оваа забрана. Марк Вебер беше петти најбрз пред Михаел Шумахер, Пастор Малдонадо и Нико Розберг.Мекларен имаат добри настапи на оваа патека и првите сигнали се дека најверојатно и оваа година ќе бидат силни. Малку е изненадувачка разликата помеѓу нив и останатите тимови. Можеби тоа се должи на тоа што Ред Бул имаа аеро боја по предното крило, а Ферари имаат доста промени, ново задно крило, предно крило, нов дифузер и други промени во аеродинамиката, а тоа значи дека во првиот тренинг двата тима одвоиле повеќе време за да проверат дали надградбите им работат или не. Од друга страна според радио врските на Мекларен тие се понапред со својата програма од останатите водечки тимови.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:43.285 21
2. Џенсон Батон Мекларен 1:43.618 + 0.333 19
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:44.050 + 0.765 23
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:44.366 + 1.081 21
5. Марк Вебер Ред Бул 1:44.542 + 1.257 22
6. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:44.694 + 1.409 23
7. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:45.115 + 1.830 26
8. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:45.194 + 1.909 19
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:45.347 + 2.062 25
10. Кими Раиконен Лотус 1:45.422 + 2.137 15
11. Фелипе Маса Ферари 1:45.567 + 2.282 24
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:45.587 + 2.302 20
13. Камуи Кобајаши Заубер 1:45.722 + 2.437 20
14. Роман Грожан Лотус 1:45.743 + 2.458 20
15. Жил Бјанки Форс Индија 1:45.769 + 2.484 22
16. Серџо Перез Заубер 1:45.811 + 2.526 22
17. Даниел Рикардо Торо Росо 1:46.649 + 3.364 24
18. Жан-ЕрикВерн Торо Росо 1:46.708 + 3.423 26
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:47.418 + 4.133 23
20. Тимо Глок Марусија 1:47.891 + 4.606 21
21. Педро де ла Роса ХРТ 1:48.354 + 5.069 22
22. Макс Чилтон Марусија 1:48.887 + 5.602 22
23. Ма Кинг Хуа ХРТ 1:50.487 + 7.202 20
24. Гидо ван дер Гард Катерам без поставено време 3