Себастијан Ветел верува дека на оваа патека е важно да се стартува од Пол позицијата. Сепак, тој призна дека во одлучувачкиот обид не извозел совршен круг:
"Денес, се испадна добро. Но, искрено, патеката беше многу лизгава. Се разбира, нова патека, асфалтот е нов, па треба некое време да се достигнаат нормални услови. Сепак, условите се подобруваа постојано, а тоа го покажуваат резултатите од круговите. Се разбира, ние сме многу среќни. Последниот сектор можев да го извозам малку побрзо, мислам дека изгубив некој дел од секундата во првиот и третиот сектор, па Луис Хамилтон беше во можност да се доближи до мене малку поблиску отколку што би сакале."
"Во секој случај, ова е многу кул, бидејќи на оваа патека е многу важно да се почне од Пол позицијата. Ќе стартуваме од чистата страна, и јас, и Марк, па се надеваме дека трката ќе биде добра за нас.
Сега е најважно да се концентрираме на подготовките за утре. Денес, сè мина глатко, немаше технички проблеми, кои ги имавме вчера, но такви нешта секогаш се возможни. Затоа, најдобрата стратегија е да продолжиме да работиме напорно и да се стремиме да го постигнеме најдобариот можен резултат. Утре ќе имаме шанса да ја обезбедиме Титулата во конструктори, а можеби тоа е главниот аспект на кој што ќе работиме со Марк во текот на трката."
2012 САД ГП: ВЕТЕЛ СРЕЌЕН ШТО СТАРТУВА ОД ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
11/17/2012 10:30:00 PM
0
Tags
Share to other apps