Себастијан цели високо кон нова Титула!!!
Себастијан Ветел ја претвори неговата доминација на тренинзите во нова 6-та Пол Позиција за него оваа сезона, а неговиот ривал за титулата Фернандо Алонсо мака мачеше да ги загрее гумите и да постигне подобро време, но не успеа ништо повеќе од деветата стартна позиција, но по казната на Грожан ќе стартува осми. Добива една позиција, но се префрла на валканата страна од патеката, која е лоша за добар старт.Освојувањето на Пол позицијата од страна на Ветел, не беше така лесно како што се очекуваше. Тој за малку ќе беше изненаден од Луис Хамилтон, кој успеа да се приближи на само 0.051 секунди до Германецот. Ветел започна уште еден брз круг и го подобри своето време. Хамилтон исто така имаше многу конкурентни сектори при неговиот последен обид, но на крајот му фалеше една десетинка за првата позиција. Возачот на Мекларен ги раздвои болидите на Ред Бул, принудувајќи го Марк Вебер да се задоволи со третата стартна позиција.
Роман Грожан го забележа четвртото најбрзо време, но ќе стартува зад Алонсо од деветтата стартна позиција, поради промена на менувачот. Кими Раиконен ги потврди добрите перформанси на Лотус и ќе започне од четвртата позиција, пред Михаел Шумахер, Фелипе Маса и Нико Хулкенберг.
Како и да е Фернандо Алонсо утре на трката ќе има доста тешка задача, да се одржи во борбата за титулата. Но трката е долга и се може да се случи, како што изјави Шпанецот. Сите ние посакуваме Фернандо да заврши пред Ветел, за Титулата да се решава на последната трка во Бразил.
Почетокот на утрешната Голема Награда на САД е во 20:00 СЕТ.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:35.657
2. Луис Хамилтон Мекларен 1:35.766 + 0.109
3. Марк Вебер Ред Бул 1:36.174 + 0.517
4. Роман Грожан Лотус 1:36.587 + 0.930
5. Кими Раиконен Лотус 1:36.708 + 1.051
6. Mихаел Шумахер Мецедес АМГ 1:36.794 + 1.137
7. Фелипе Маса Ферари 1:36.937 + 1.280
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:37.141 + 1.484
9. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.300 + 1.643
10. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:37.842 + 2.185
Q2 најбрзо време: С.Ветел 1:35.796
11. Бруно Сена Вилијамс 1:37.604 + 1.808
12. Џенсон Батон Мекларен 1:37.616 + 1.820
13. Пол ди Реста Форс Индија 1:37.665 + 1.869
14. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:37.879 + 2.083
15. Серџо Перез Заубер 1:38.206 + 2.410
16. Камуи Кобајаши Заубер 1:38.437 + 2.641
17. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.501 + 2.705
Q2 најбрзо време: С.Ветел 1:36.558
18. Даниел Рикардо Торо Росо 1:39.114 + 2.556
19. Тимо Глок Марусија 1:40.056 + 3.498
20. Чарлс Пик Марусија 1:40.664 + 4.106
21. Виталиј Петров Катерам 1:40.809 + 4.251
22. Хеики Ковалаинен Катерам 1:41.166 + 4.608
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:42.011 + 5.453
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:42.740 + 6.182
107% време: 1:43.317
*Роман Грожан има казна од 5 стартни места поназад