Слушај сега, имам една идеја...
Зборувајќи за изгледите за успех на Формула 1 во Америка во пресрет на новиот почеток на патека во Остин, шефот на Ф1 менаџментот Берни Еклстоун изјави дека САД има потенцијал за три Гран При трки во една сезона. Според него, тогаш Американците ќе се заинтересираат за овој врвен мотоспорт."Ние, дефинитивно треба да се потрудиме да дојде до реализација на проектот во Њу Џерси, и мислам дека уште една трка е сосема можно да се спроведе во јужниот дел на Калифорнија. Тоа е потребно за сите нас."
Вакво нешто имаше во 1982 година, кога имало трки во Детроит, Лас Вегас и Лонг Бич. Нити една друга земја не била домаќин на три Гран При-ја во иста сезона.

