Луис Хамилтон најбрз на првиот слободен тренинг
Луис Хамилтон го забележа најбрзото време на досега најизедначениот тренинг помеѓу водечките тимови. Двата болиди на Мекларен и Ред Бул се распоредија во временски опсег од помалку од една десетинка од секундата.
Најдобро време на Хамилтон беше само 0.009с. побрзо од она на Себастијан Ветел, кој беше втор најбрз на патеката во Интерлагос.Сепак, овие времиња ги земаме со мала резерва бидејќи повеќето тимовите тренингот го започнаа со развојните гуми на Пирели за 2013 година. Неколку возачи ги поставија нивните најбрзи времиња на овие гуми, а едни од нив беа Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо. Тие се слични на тврдите гуми од оваа година, но се дизајнирани за да се загреат побрзо. Возачите на Ред Бул своите најбрзи времиња ги поставија на тврдите гуми од оваа сезона.
Додека водечките тимови ги испитуваа новите гуми на Пирели, Фернандо Алонсо и Ферари го поминаа поголемиот дел од тренингот во тестирање на новото предно крило за трката овој викенд, и калибрирање на сите нови делови во една целина која би дала врвни перформанси. Но,прашање е колку беа успешни во тоа?!?
90 минутниот тренинг помина без поголеми инциденти, освен извртувањата на Маса и Глок. Тимот на ХРТ е западнат во криза, па така нивното присуство на патеката е ограничено, но успееа да го поминат лимитот од 107%. Како што се најавува, можеби ова ќе биде и нивната последна трка во Формула 1.
Вториот слободен тренинг започнува во 17:00 сет, време кога започнува и трката. На овој тренинг ќе ги видиме и гумите на Пирели со Медиум компонента и можеби малку појасна слика како се распоредени силите на патеката.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:14.131 33
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:14.140 + 0.009 35
3. Марк Вебер Ред Бул 1:14.198 + 0.067 34
4. Џенсон Батон Мекларен 1:14.217 + 0.086 31
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:14.392 + 0.261 28
6. Фелипе Маса Ферари 1:14.716 + 0.585 29
7. Роман Грожан Лотус 1:14.719 + 0.588 33
8. Пол ди Реста Форс Индија 1:14.738 + 0.607 34
9. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:15.015 + 0.884 37
10. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:15.050 + 0.919 32
11. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:15.114 + 0.983 36
12. Камуи Кобајаши Заубер 1:15.255 + 1.124 31
13. Серџо Перез Заубер 1:15.396 + 1.265 32
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:15.413 + 1.282 23
15. Даниел Рикардо Торо Росо 1:15.587 + 1.456 35
16. Кими Раиконен Лотус 1:15.701 + 1.570 16
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:16.048 + 1.917 35
18. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:16.315 + 2.184 36
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:16.460 + 2.329 32
20. Тимо Глок Марусија 1:16.506 + 2.375 31
21. Виталиј Петров Катерам 1:16.617 + 2.486 30
22. Чарлс Пик Марусија 1:17.234 + 3.103 26
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:17.678 + 3.547 15
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:17.895 + 3.764 13