Луис сака со стил да се прости од Мекларен!!!
Луис Хамилтон продолжи во ист стил како и на утринскиот тренинг и со неговиот Мекларен беше најбрз и на вториот тренинг за Големата Награда на Бразил. Лидерот во Формула 1 шампионатот, Себастијан Ветел беше втор, три места понапред од својот ривал за титулата, Фернандо Алонсо.Едно е јасно во овој момент, а тоа е дека Луис Хамилтон е најбрзиот возач на патеката во Бразил. Овој тим се подготвува за нова Пол позиција, додека Ред Бул и Ферари како да се подготвуваа повеќе за трката. За Ред Бул најважно е Ветел да биде пред Алонсо. Во долгите стинтови не изгледаа толку брзи, во споредба со Ферари. Но, никој не знае кој болид со колку гориво беше наполнет. Алонсо, остана на патеката со Медиум гумите доста долго, и го подобри своето време во неколку наврати, додека другите беа на медиум гуми. Потоа, стави гуми со тврда компонента и продолжи да врти кругови.
Пријатно изненадување се перформансите на Мерцедес АМГ. Се шпекулира дека тие целосно го неутрализирале својот иновативен Двоен ДРС- систем и како тоа да им носи резултати, барем на оваа патека, во комбинација со стариот издувен систем. Само многу "рано" им текна да го направат тоа.
Лотус барем засега изгледа дека заостануваат. Но, тие не многу по брзи времиња во петок, па така да не треба да ги отпишуваме целосно. Раиконен загуби време во првиот тренинг поради проблеми со моторот, а во вториот помина доста време во боксот заради прилагодување на управувањето на болидот. Повторно мала километража за ХРТ, но тие повторно се во лимитот од 107% и на овој тренинг.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:14.026 35
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:14.300 + 0.274 40
3. Марк Вебер Ред Бул 1:14.523 + 0.497 37
4. Фелипе Маса Ферари 1:14.553 + 0.527 37
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:14.592 + 0.566 37
6. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:14.654 + 0.628 36
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:14.669 + 0.643 40
8. Џенсон Батон Мекларен 1:14.863 + 0.837 40
9. Роман Грожан Лотус 1:14.994 + 0.968 37
10. Пол ди Реста Форс Индија 1:15.129 + 1.103 39
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:15.131 + 1.105 40
12. Кими Раиконен Лотус 1:15.371 + 1.345 39
13. Бруно Сена Вилијамс 1:15.432 + 1.406 45
14. Серџо Перез Заубер 1:15.542 + 1.516 35
15. Камуи Кобајаши Заубер 1:15.839 + 1.813 43
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:15.902 + 1.876 39
17. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:15.953 + 1.927 47
18. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:16.048 + 2.022 40
19. Виталиј Петров Катерам 1:16.126 + 2.100 39
20. Хеики Ковалаинен Катерам 1:16.655 + 2.629 42
21. Педро де ла Роса ХРТ 1:17.244 + 3.218 15
22. Тимо Глок Марусија 1:17.675 + 3.649 42
23. Чарлс Пик Марусија 1:18.127 + 4.101 31
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:18.139 + 4.113 15