На саботниот подиум ги нема ривалите за Титулата !!!
Мекларен го освои првиот стартен ред на одлучувачката трка за Титулата во Бразил. Луис Хамилтон беше само за 5 стотинки побрз од својот тимски колега Џенсон Батон за најверојатно неговата последна Пол позиција со овој тим.
Ривалите за титулата, Себастијан Ветел и Фернандо Алонсо ја завршија квалификационата сесија на четвртата и осмата стартна позиција.Ниту Ветел, нити Алонсо, немаа темпо да се борат за Пол позицијата. Двајцата возачи ги имаат подесено своите болиди според прогнозите за дожд на утрешната трка. Интересно ќе биде ако прогнозите ги зафркнат, а тогаш Мекларен ќе има слободна патека за доминатна 1-2 Победа, и преземање на второто место во конструктори од Ферари, бидејќи нивните болиди најверојатно се подесени за суво време.
Пред почетокот на Квалификациите во Интерлагос заврна дожд, кој ги зголеми надежите на Ферари, но... Патеката беше влажна, посебно во последната кривина. Возачите излегоа на мазните гуми, но и за прв пат ги видовме медиум гумите за дожд на болидот на Нико Хулкенберг. Бидејќи не се најавуваа нови врнежи, најбрзите тимовите се одлучија да почекаат да се исуши асфалтот, за потоа да излезат на патеката. Направија серија на кругови, и успеаа да забележат времиња за сигурно поминување во следната фаза.
Единствено, Роман Грожан во еден момент не беше во можност да избегне контакт со болидот на Педро де ла Роса, и го скрши своето предно крило. Французинот влезе во боксовите да го замени, но за прв пат оваа сезона не успеа да помине во Q2.
Патеката пополека се сушеше и загреваше што се одрази на времињата во Q2, каде немаше поголеми изненадувања, а испаднаа ди Реста, Сена, Перез, Шумахер, Кобајаши, Рикардо и Верн.
Финалната сесија сите возачи ја започнаа на медиум гумите за суво време, а температурата на асфалтот од почетокот на квалификациите се зголеми за 11 степени. Епилогот беше 26-та во кариерата и 7-ма Пол позиција оваа сезона за Луис Хамилтон во неговиот последен тркачки викенд за тимот на Мекларен.
Ривалите за Титулата беа побавни од своите тимски колеги, Ветел зад Вебер и Алонсо зад Маса.
На претходното Гран При Ферари ја скрши пломбата на менувачот на Маса, за подобра стартна позиција на Алонсо. Можеби ова сценарио ќе биде разгледано и на оваа трка, но е многу малку веројатно да се спроведе.
Утре со почеток во 17:00 сет ја очекуваме трката која ќе ја одлучи судбината на Титулата во конкуренција на возачи.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мекларен 1:12.458
2. Џенсон Батон Мекларен 1:12.513 + 0.055
3. Марк Вебер Ред Бул 1:12.581 + 0.123
4. Себастијан Ветел Ред Бул 1:12.760 + 0.302
5. Фелипе Маса Ферари 1:12.987 + 0.529
6. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:13.174 + 0.716
7. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:13.206 + 0.748
8. Фернандо Алонсо Ферари 1:13.253 + 0.795
9. Кими Раиконен Лотус 1:13.298 + 0.840
10. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:13.489 + 1.031
Q2 Најбрзо време: С.Ветел 1:13.209
11. Пол ди Реста Форс Индија 1:14.121 + 0.912
12. Бруно Сена Вилијамс 1:14.219 + 1.010
13. Серџо Перез Заубер 1:14.234 + 1.025
14. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:14.334 + 1.125
15. Камуи Кобајаши Заубер 1:14.380 + 1.171
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:14.574 + 1.365
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:14.619 + 1.410
Q1 Најбрзо време: Л.Хамилтон 1:15.075
18. Роман Грожан Лотус 1:16.967 + 1.892
19. Виталиј Петров Катерам 1:17.073 + 1.998
20. Хеики Ковалаинен Катерам 1:17.086 + 2.011
21. Тимо Глок Марусија 1:17.508 + 2.433
22. Чарлс Пик Марусија 1:18.104 + 3.029
23. Нараин Картикејан ХРТ 1:19.576 + 4.501
24. Педро де ла Роса ХРТ 1:19.699 + 4.624
107% време: 1:20.330