Од следната година Јапонски производител на автомобили Infiniti ќе го зголеми спонзорството на Ред Бул откако е постигнат договор тие да станат еден од водечките финансиери на овој тим. Следува нов четиригодишен спонзорски договор со тројниот шампионски тим во конструктори. Така од 2013 година тимот официјално ќе стане познат како "Инфинити Ред Бул".
Исто така, ќе се зголеми техничка соработка помеѓу Ред Бул и Рено-Инфинити, така што тие ќе може да работат заедно на голем број на инженеринг проекти, вклучувајќи го и КЕРС-системот за 2014 година.
Адријан Њуи изјави:
"Формула 1 претставува огромен дизајнерски и инженеринг предизвик на дневна основа. Имајќи посветен технички партнер како Инфинити, ни дава голема платформа за заедничка работа на технички проекти, како што е КЕРС-от за 2014 година."
РЕД БУЛ СИ ОБЕЗБЕДИ СВЕЖ КАПИТАЛ
11/25/2012 01:30:00 PM
0
Tags
Share to other apps