Себастијан Ветел, најмлад трикратен Ф1 Шампион!!!
Себастијан Ветел ја заврши сезоната со својата трета Формула 1 титула со финиширање на шестото место на возбудливото Бразилско Гран при. Победникот беше Џенсон Батон, победа која остана во сенка на борбата меѓу Ветел и Алонсо. Фернандо Алонсо успеа да стигне до второто место. Трката долго време беше предводена од страна на Нико Хулкенберг, со Форс Индија кој подоцна се судри со Луис Хамилтон и го отстрани Британецот од трката.
Луис Хамилтон имаше одличен старт го задржа првото место, а Маса го предизвика Батон во првата кривина и Сена С. Следува инцидент на Ветел со Бруно Сена, во кој Германецот го оштети својот болид, но за негова среќа остана на патеката, но на последното место со оштетен задeн дел од каросеријата и издувниот систем. Тој наскоро почна да ги поминува болидите пред себе,пробивајќи се до местата кои носат поени. Во тие моменти возачите се обидуваа да го проценат нивното темпо на мазните гуми со ситниот дожд што паѓаше.
Фернандо Алонсо како и секогаш имаше добар старт и стигна до петтото место зад својот тимски колега и Марк Вебер, и веќе на стартот од вториот круг ги помина наеднаш и двајцата за третото место и во тоа време имаше добитна комбинација за титулата. Еден од подобрите стартери беше и Нико Хулкенберг кој стигна до четвртото место како што заслуваше дождот, а условите на патеката стануваа многу незгодни.
Иако Хамилтон ја поведе трката, Батон се снаоѓаше подобро во овие услови и го презеде водството во осмиот круг, а Хулкенберг го помина Алонсо и се најде зад двата болиди на Мекларен.
Марк Вебер беше првиот возач кој се реши да стави медиум гуми за дожд во 10-от круг, што беше проследено од повеќето возачи, а само Батон и Хулкенберг останаа на мазните гуми. Тоа беше потег што многу им се исплати, па двајцата имаа повеќе од 20 секунди предност пред сите останати. Нико Хулкенберг во 19 круг искористи грешка на Батон во првата кривина и успеа да го претекне. Тоа беа историски моменти за него, бидејќи тоа беа негови први кругови во водство на Ф1 трка.
Во тие моменти повеќето возачи се враќаа назад кон мазните гуми, а Розберг заврши со дупната гума, како резултат на се повеќе и повеќе остатоци од болидите на патеката. Директорот на трката се реши да го воведе Безбедносното возило. Тие веднаш влегоа во своите боксови за промена на гумите, но убедливата предност што ја имаа беше историја.
При рестартот на трката во 29-от круг, редоледот беше Хулкенберг, Батон, Хамилтон, Алонсо, Ветел, Кобајаши и Вебер. Кобајаши и Вебер веднаш го поминаа, иако Вебер беше премногу претпазлив да не го допре својот тимски колега. Камуи Кобајаши имаше најдобри перформанси во тие моменти и наскоро го помина и Алонсо за четвртото место. Шпанецот не беше баш задоволен со тоа, па за кратко време го поврати назад изгубеното место, додека Ветел немаше одговор или не сакаше да ризикува да го помине болидот на Заубер.
За разлика од него Фелипе Маса ризикуваше и со инзворедни потези ги помина и Ветел и Кобајаши, со што се најде на 5-тото место зад својот тимски колега, кој никако не можеше да стигне до првите три места.
Набрзо по рестатот исто така Хамилтон го помина Батон и почна да се доближува до Хулкенберг, кој ненавикнат на таков притисок направи грешка во 48 круг и му го предаде водството на Британецот. Дождот продолжи на моменти да засилува, а тоа му овозможи на Хулкенберг да се обиде да го нападне Хамилтон во првата кривина, но изгуби контрола врз својот болид и удри во болидот на Хамилтон. Тоа беше крај на трката за Мекларен, а за инцидентот Хулкенберг беше казнето со поминување низ боксовите, што го врати на петтото место зад Батон, Маса, Алонсо и Вебер.
Дождот стануваше уште посилен, и возачите почнаат да вегуваат повторно во боксовите по медиум гуми за дожд. По миксот кој настана Ветел излезе на шестото место, што значеше дека на Алонсо му е потребна победа за Титулата. Маса му дозволи на Алонсо да го помине за второто место, но тој беше 20 секунди зад Батон и не можеше да го нападне лидерот на оваа трка.
Во последниот круг повторно безбедносното возило на патеката по инцидентот на Пол ди Реста со Форс Индија, што значеше дека нема повеќе промени во поредокот. Со тоа Ветел ја освои третата последователна Титула Светски Шампион и се приклучи на елитата трократни Шампиони, што ја сочинуваат Шумахер, Хуан Мануел Фанџо, Алан Прост, Џек Брабам, Џеки Стјуарт , Ники Лауда, Нелсон Пике Сениор и Аиртон Сена.
Голема награда на Бразил, Интерлагос
71 круг, 305.909км. Време: Дожд/Суво.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Џенсон Батон Мекларен 1ч45:22.656
2. Фернандо Алонсо Ферари + 2.754
3. Фелипе Маса Ферари + 3.615
4. Марк Вебер Ред Бул + 4.936
5. Нико Хулкенберг Форс Индија + 5.708
6. Себастијан Ветел Ред Бул + 9.453
7. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 11.900
8. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 28.600
9. Камуи Кобајаши Заубер + 31.200
10. Кими Раиконен Лотус + 1 круг
11. Виталиј Петров Катерхам + 1 круг
12. Чарлс Пик Марусија + 1 круг
13. Даниел Рикардо Торо Росо + 1 круг
14. Хеики Ковалаинен Катерхам + 1 круг
15. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1 круг
16. Тимо Глок Марусија + 2 круга
17. Педро де ла Роса ХРТ + 2 круга
18. Нараин Картикијан ХРТ + 2 круга
19. Пол ди Реста Форс Индија + 3 круга
Најбрз Круг: Луис Хамилтон - 1:18.069
Без пласман:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
Луис Хамилтон Мекларен 55
Роман Грожан Лотус 6
Пастор Малдонадо Вилијамс 2
Бруно Сена Вилијамс 1
Серџо Перез Заубер 1
Конечен пласман по 20 трки:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. С.Ветел 281 1. Ред Бул 460
2. Ф.Алонсо 278 2. Ферари 400
3. К.Раиконен 207 3. Мекларен 378
4. Л.Хамилтон 190 4. Лотус 303
5. Џ.Батон 188 5. Мерцедес АМГ 142
6. М.Вебер 179 6. Заубер 126
7. Ф.Маса 122 7. Форс Индија 109
8. Р.Грожан 96 8. Вилијамс 76
9. Н.Розберг 93 9. Торо Росо 26
10. С.Перез 66
11. Н.Хулкенберг 63
12. К.КОбајаши 60
13. М.Шумахер 49
14. П.ди Реста 46
15. П.Малдонадо 45
16. Б.Сена 31
17. Ж.Верн 16
18. Д.Рикардо 10