Kimi Raikkönen: "Leave me alone, I know to winnnnnnnnnnnn."
Кими Раиконен ја забележа првата Победа во својот Формула 1 камбек на супер интересното Абу Даби Гран При. Себастијан Ветел со старт од боксот стигна до третото место, а
Фернандо Алонсо не можеше повеќе од второто место. Овој резултат значи дека водството на Германецот во генералниот пласман се намали само на 10 поени со две трки до крајот.Трката започна со одличен старт на Раиконен, молскавично поминувајќи ги Малдонадо и Вебер и се искачи на второ место зад Хамилтон веќе по првата кривина. Марк Вебер продолжува со слабите стартови и падна на четвртото место зад Малдонадо, и наскоро се најде под напад од Алонсо. Шпанецот брзо најде начин да го помине Австралијанецот а потоа се најде зад незгодниот болид на Вилијамс.
Во тие моменти Луис Хамилтон доминираше со Мекларен и почна да прави голема разлика од болидите зад него. Изгледаше дека тој ќе забележи лесна и убедлива Победа. Водечкиот во генералниот пласман стартуваше од боксот, и напредуваше повеќе места наеднаш по судирот на стартот предизвикан од болидите на Форс Индија, а настрадаат Бруно Сена, Нико Розберг и Ромен Грожан. Тука малку настрада и предното крило на Ветел, но тој се реши да остане на патеката бидејќи штетата беше минимална.
Нико Розберг мораше по ново крило, а кога се врати на патеката го предизвика првото излегување на безбедносното возило. Во настојувањата што побрзо да ги помине бавните болиди се залепи за болидот на ХРТ во брзата кривина 15, но Нараин Картикејан нагло намали, а Розберг немаше време да реагира и буквално го прегази Индиецот и заврши во бариерите покрај патеката. И двајцата возачи излегоа неповредени од нивните болиди.
Зад безбедносното возило, Ветел го доуништи своето предно крило, кога мораше да скршнува за да го избегне Даниел Рикардо, кој ги загреваше неговите сопирачки и го прегази ДРС маркерот покрај патеката(за среќа тие се направени од стиропор). Ветел беше повикан во боксот и потоа повторно се врати во задниот дел од поредокот.
Хамилтон лесно остана на првото место по рестартот на трката, но мораше да ја напушти трката кога неговиот болид изгасна на патеката во 19 круг. Ова му се случува по втор пат оваа сезона. Но, за некого несреќа, за некого среќа. Тоа беше инзворедна можност за Раиконен кој ја презеде водечката позиција, ја контролираше трката, ги откачи своите "досадни" механичари и стигна до својата прва победа по кам-бекот во Формула 1. Легендарниот Кими имаше неколку изјави за паметење на оваа трка.
Зад него по рестартот на трката Алонсо ја искористи грешката на Малдонадо и го претекна за второто место. Малку подоцна, истото сакаше да го направи и Вебер, но Вилијамсот не попушти и тој се изврте на патеката. Следуваше поминување на Малдонадо од Батон, кој покажа како тоа треба да се направи и се најде на третото место, а Вебер падна на седмото, веднаш пред Ветел кој беше во налет. Тогаш му беше наредено на вториот возач на Ред Бул да влезе во боксот по промена на гуми, нешто што подоцна ја уништи неговата трката. Тој се врати на патеката зад интензивната битка помеѓу Роман Грожан, Серџо Перез и Пол ди Реста. Триото на млади возачи направи карамбол во 38 круг, а и Ред Булот не можеше да го избегне судирот и се приклучи на несреќата. Перез беше единствениот кој продолжи да вози, но од стјуардите беше прогласен за виновен и му беше доделена казна од 10 секунди стоење во боксот.
Безбедносното возило излезе по втор пат на патеката за да се расчистат остатоците. Во тие моменти Ветел веќе беше стигнат до четвртото место и само што го имаше направено својот втор пит-стоп, што му овозможи по рестартот на трката со нови гуми да го помине Џенсон Батон за третото место и пласман на Подиумот.
Алонсо при крајот направи мал притисок врз Раиконен, но се гледаше дека не е ништо опасно по Лотусот. Ова беше една од најинтресните трки оваа сезона, а дали Алонсо може да го победи Ветел за Титулата ќе се одлучи на следните две трки во САД и Бразил.
Абу Даби ГП, Јас Марина
55 круга, 305.355км., Време: Ведро.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Кими Раиконен Лотус 1ч45:58,667
2. Фернандо Алонсо Ферари + 0.852
3. Себастијан Ветел Ред Бул + 4.163
4. Џенсон Батон Мекларен + 7.787
5. Пастор Малдонадо Вилијамс + 13.007
6. Камуи Кобајаши Заубер + 20,076
7. Фелипе Маса Ферари + 22,896
8. Бруно Сена Вилијамс + 23,542
9. Пол Ди Реста Форс Индија + 24,160
10. Даниел Рикардо Торо Росо + 27,400
11. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 28,000
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 34,900
13. Хеики Ковалаинен Катерам + 47,700
14. Тимо Глок Марусија + 56,400
15. Серџо Перез Заубер + 56,700
16. Виталиј Петров Катерам + 1:04.500
17. Педро Де ла Роса ХРТ + 1:11.554
Најбрз круг: Себастијан Ветел - 1:43.964
БЕЗ ПЛАСМАН
Возач Тим При круг
Чарлс Пик Марусија 42
Роман Грожан Лотус 38
Марк Вебер Ред Бул 38
Луис Хамилтон Мекларен 20
Нараин Картикејан ХРТ 8
Нико Розберг Мерцедес АМГ 8
Нико Хулкенберг Форс Индија 1
Генерален пласман по 18 трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Фетел 255 1. Ред Бул 422
2. Ф.Алонсо 245 2. Ферари 340
3. К.Раиконен 198 3. Мекларен 318
4. М.Вебер 167 4. Лотус 288
5. Л.Хамилтон 165 5. Мерцедес АМГ 136
6. Џ.Батон 153 6. Заубер 124
7. Ф.Маса 95 7. Форс Индија 95
8. Н.Розберг 93 8. Вилијамс 73
9. Р.Грожан 90 9. Торо Росо 22
10. С.Перез 66
11. К.Кобајаши 58
12. Н.Хулкенберг 49
13. П.Ди Реста 46
14. П.Малдонадо 43
15. М.Шумахер 43
16. Б.Сена 30
17. Ж.Верн 12
18. Д.Рикардо 10