Импровизираната прес-конференција на подиумот за Големата награда на Абу Даби започна со легендарниот Кими Раиконен. Дејвид Култхард, поранешниот тимски колега на Финецот започна со прашањето: "Што мислиш сега?", а светскиот шампион од 2007 година на свој карактеристичен начин одговори: "Искрено, ништо посебно."
Во иста насока, победникот продолжи:
"На последната трка, кога бев на подиумот, ми беше кажано дека сум се смеел доволно. Можеби тоа е така и денес, но јас сум многу среќен за тимот и за мене, но за нив во прв план. Оваа сезона не е лесна за нас и се надевам дека оваа победа ќе ни овозможи повеќе да веруваме во својата сила. Не само на оние кои работат во тимот, туку и нејзините водачи.
Се надеваме дека ова ќе биде пресвртна точка, и во иднина ќе можеме да освоиме голем број на победи, ако не оваа сезона, тогаш следната"
"Неколку пати бев блиску до победа, но дури и ако болидот е брз, тешко е да се постигне добар резултат, ако не се започне од првите стартни позиции. Критичниот настан денес беше стартот на трката. Се разбира, ние денес ќе имаме една голема забава, а веќе утре попладне, јас среќен ќе се сеќавам на возбудата од оваа Победа."
Последната победа на Кими Раиконен беше за 2009 Белгија ГП.
КИМИ: ПОБЕДА ЗА ПОГОЛЕМА САМОДОВЕРБА НА ТИМОТ
11/04/2012 06:44:00 PM
0
Tags
Share to other apps