Себастијан Ветел не го дава првото место ни на тренинзи!!!
Себастијан Ветел ја продолжи својата доминација и на вториот слободен тренинг за САД ГП-то. Сега беше побрз за дури седум десетинки од Фернандо Алонсо на третата и неговиот тимски колега Марк Вебер на втората позиција.Ветел немаше никакви потешкотии да го запише најбрзото време и покрај вактот дека голем дел од тренингот го преседе во боксовите на Ред Бул поради некои проблеми со системот за ладење, кој испушташе вода. Кога тој се врати на патеката, не му требаше долго да го постигне најбрзото време на медиум гумите.
Како што стојат работите по завршувањето на денешните тренинзи, Ветел изгледа дека со леснотија ќе ја освои пол позицијата, но во тркачко темпо сите водечки тимови се со изедначени времиња. Претекнувањата не се лесни на оваа патека, па така Квалификациите ќе бидат од големо значење, а тука Ред Бул ќе ја има предноста(доколку ривалите не смислат нешто преку ноќ, но не смислија цела сезона па зошто би успеале сега за една ноќ!!!). Квалификациите се утре со почеток од 19:00 СЕТ.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:37.718 17
2. Марк Вебер Ред Бул 1:38.475 + 0.757 36
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:38.483 + 0.765 35
4. Луис Хамилтон Мекларен 1:38.748 + 1.030 31
5. Џенсон Батон Мекларен 1:38.786 + 1.068 32
6. Фелипе Маса Ферари 1:39.029 + 1.311 33
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:39.448 + 1.730 32
8. Бруно Сена Вилијамс 1:39.531 + 1.813 38
9. Камуи Кобајаши Заубер 1:39.653 + 1.935 36
10. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ 1:40.115 + 2.397 30
11. Кими Раиконен Лотус 1:40.166 + 2.448 32
12. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:40.230 + 2.512 35
13. Роман Грожан Лотус 1:40.286 + 2.568 32
14. Серџо Перез Заубер 1:40.326 + 2.608 35
15. Даниел Рикардо Торо Росо 1:40.435 + 2.717 30
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:40.516 + 2.798 32
17. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:40.700 + 2.982 34
18. Пол ди Реста Форс Индија 1:41.430 + 3.712 35
19. Хеики Ковалаинен Катерам 1:42.476 + 4.758 38
20. Тимо Глок Марусија 1:42.652 + 4.934 33
21. Виталиј Петров Катерам 1:42.846 + 5.128 38
22. Чарлс Пик Марусија 1:43.538 + 5.820 38
23. Педро де ла Роса ХРТ 1:44.453 + 6.735 16
24. Нараин Картикејан ХРТ 1:45.114 + 7.396 20

