Да, да уште две трки да сум пред Ветел!!!
Во Ферари секогаш кажуваат дека во недела болидот им оди многу подобро отколку во сабота. На Големата награда на Абу Даби овие зборови уште еднаш се потврдија во пракса. Фернандо Алонсо, стартувајќи од шестата позиција трката ја заврши на второто место, и во финишот на трката беше побрз и од Кими Раиконен. Ако за време на Индиското ГП, Алонсо, беше во можност да добие три места, на Џас Марина, доби уште повеќе т.е. четири места."Јас сум многу среќен со денешната трка, бидејќи во текот на викендот нашата брзина не беше премногу голема. Во квалификациите бев седми, започнав од шестата позиција поради казната на Себастијан, а во првиот круг имав многу работа со ривалите. Имав неколку добри претекнувања, а нашата стратегија беше добра, и на крајот бев дури и можност да се борам за победа. Кими во последните кругови го намали темпото, го нападнав со сите сили, но сепак второто место денес беше за нас најдобар можен резултат. Претпоставувам дека повторно може да се каже дека за нас Неделата е најдобар ден. Ние ќе се обидеме да се бориме до крај."
На две трки пред крајот на сезоната Фернандо Алонсо е 10 поени зад Себастијан Ветел.

