Себастијан Ветел, Големата награда на Абу Даби, ја започна од боксот, цела трка имаше борба со некој од возачите, за на крај да заврши на подиумот. Со две трки пред крајот на сезоната возачот на Ред Бул има десет поени предност пред Фернандо Алонсо, и има шанса да ја освои Титулата за две недели во Остин, САД.
"Јас дури двапати морав да се пробивам од последното место, и верувајте ми не беше лесно, иако, во одредени моменти, дури и смешно, а јас сум навистина задоволен со резултатот. Се разбира, појавувањето на безбедносното возило беше во моја корист. Ја започнав трката со јасна цел: да заработам што повеќе поени, што е можно повеќе. Тоа ни успеа! Јас сум многу задоволен."
"Тимот мирно ја прифати одлуката на стјуардите, и веднаш почна да ги променува поставките на болидот за да ги зголемиме шансите да се освојат поени во трката.Со Рикардо имавме глупава ситуација, тој беше далеку напред и почна да кочи. Во тој момент не бев 100% фокусиран, па неговите постапки ме изненадија. Бев на десната страна на стазата, и не бев во можност да свртам лево и морав да ја напуштам патеката, каде што го удрив маркерот. Па така моето предно крило беше конечно скршено. Не беше многу пријатна состојба, бидејќи се пробив далеку напред, но морав да почнам одново."
"Јас сум нестрплив за следната трка. Денес не бев во можност да ја зголемам предноста, но и не изгубив колку што можеше да се очекува по стартот од боксот. Во Остин, ние ќе се обидеме да нападнеме со сите сили. Ние сме доста брзи во последните неколку трки. Но, сега прво што ќе го направиме е да се одмориме и релаксираме, и потоа да се фокусираме на следната фаза. Ако добиеме шанса за Титулата, зошто да не ја искористиме!"
СЕБ: ОЧЕКУВАВ ПЛАСМАН НА ПОДИУМОТ
11/04/2012 10:18:00 PM
0
Tags
Share to other apps