Иако тестот се вика тест за млади возачи тимовите не пропуштија шанса да работат на своите болиди. Можеби најголемото изненадување е појавата на пасивен двоен ДРС-систем на болидот на Заубер. Тој е сличен на оној на Мерцедес АМГ. Видовме повторно доста низи со сензори на болидите на Ред Бул, Лотус и Заубер. Мекларен, пак, имаше распоредени камери на носот на болидот, кои го снимаа предното крило и предните гуми.
На крајот од тестот Луис Рациа предизвика црвено знаме, но тој сепак успеа да се врати во боксот без помош на крановите.
П. ВОЗАЧ ТИМ БОЛИД ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Кевин Магнусен Мекларен MP4-27 1:42.651 40
2. Антонио Феликс да Коста Ред Бул RB8 1:42.717 + 0.066 79
3. Гери Пафет Мекларен MP4-27 1:43.407 + 0.756 44
4. Робин Фријнс Заубер C31 1:43.775 + 1.124 78
5. Никола Прост Лотус E20 1:44.194 + 1.543 55
6. Луис Рациа Торо Росо STR7 1:44.691 + 2.040 67
7. Гидо Ван Де Гард Катерам CT01 1:45.936 + 3.285 57