Од новините на болидите, повторно Заубер го испробуваше новиот двоен ДРС-систем, кој вчера се појави на нивниот болид. Денес видовме и матрица од сензори поставена пред една од кутиите за ладење на радијаторите. Ред Бул имаа истотака многу сензори на нивниот болид. Лотус денес го користе својот ДДРС на болидот. Имаа и инфрацрвена камера кај отворот за воздух над главата на возачот, а слична камера имаше и на болидот на Торо Росо, но таа беше сместена странично на отворот за воздух и гледаше кон задните гуми. Мекларен го тестираа новото предно крило. Крилото беше тестирано попладне од Оливер Тарви додека утрото, кога во болидот беше Гери Пафет крилото беше со старата спецификација.
Утре е третиот и последен ден на оваа тест сесија во Абу Даби.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Антонио Феликс да Коста Ред Бул 1:42.679 61
2. Оливер Тарви Мекларен 1:43.176 + 0.497 62
3. Едуардо Мортара Лотус 1:43.418 + 0.739 75
4. Естебан Гутиерес Заубер 1:43.486 + 0.806 93
5. Гери Пафет Мекларен 1:43.771 + 1.092 41
6. Џони Чекото Торо Росо 1:44.569 + 1.890 76
7. Гидо ван дер Гард Катерам 1:46.106 + 2.427 72