Тимо Глок, Марусија, го помина Петров, но не и Ковалаинен!!!
Тимо Глок смета дека тимот на Марусија му должи голема благодарност на Михаел Шумахер, поради поминувањето на Хеики Ковалаинен на трката во Абу Даби, со што им го задржа десеттото место во шампионатот на конструкторите оваа година.Марусија го помина Катерам во пласман на тимовите кога Глок го забележа 12-тото место на Сингапур ГП-то, што потенцијално му носи на неговиот тим милиони евра повеќе. Сепак, таа позиција се чинеше дека дека ќе им побегне кога во еден момент во Абу Даби, Хеики Ковалаинен беше на 12 место со Катерам, а Глок се обидуваше, но не успеа да го помине.
Во еден момент зад нив, се најде многу побрзиот болид на Мерцедес АМГ со Михаел Шумахер, кој лесно го престигна Глок, а потоа и Ковалаинен, оставајќи ги сите во Марусија со воздишки на олеснување.
"Јас веднаш го пропуштив Михаел Шумахер да ме помине и се надевав дека тој ќе го прегази болидот на Катерам. Кога го помина Хеики сите дишевме полесно. Михаел не спаси. На пит зидот имаше многу изгризани нокти."
Трката заврши со Ковалаинен на 13-то и Глок на 14-тото место.