Тимовите повторно го употребија денот за да работат во своите болиди. Видовме повторно различни сензори и матрици од сензори, но најинтересното нешто се појави на болидот на Ред Бул. Тие испробуваа свој ДДРС. На фотографиите на кои се гледаше системот се гледаше и аеро бојата на задното крило на болидот. Заедно со тоа имаа и сензори за притисок и брзина, а зад дифузерите имаше матрица од сензори.
Најбрзо време од трите дена е за Кевин Магнусен, кој го забележа на првиот ден од тестовите на Јас Марина. Најмногу кругови пак извозе Естебан Гутиерес, 174 или 966.396 км со болидот на Заубер. За трите дена Мекларен се со најмногу кругови, 282 или 1566.228 километри.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Давид Валсеки Лотус 1:42.677 86
2. Кевин магнусен Мекларен 1:42.827 + 0.150 51
3. Естебан Гутиерес Заубер 1:43.093 + 0.416 80
4. Робин Фријнс Ред Бул 1:43.233 + 0.556 53
5. Оливер Тарви Мекларен 1:43.604 + 0.927 44
6. Луиз Рациа Торо Росо 1:45.286 + 2.609 68
7. Александер Роси Катерам 1:46.485 + 3.808 86