КУП НА НАЦИИ - ГЕРМАНИЈА ПОБЕДНИК ПО 6-ТИ ПАТ
12/15/2012 07:17:00 PM
0
Тимот на Германија, со Михаел Шумахер и Себастијан Ветел, додаде уште еден неверојатен успех со освојување на нивната шеста по ред Титула на Купот на Нации во Бангкок. Тие не беа победени во нити една од десетте трки на кои се појавија во текот на денешната програма. Оваа манифестација се одржува за прв пат во Тајланд, но посетеноста на стадионот не беше на задоволително ниво.
Михаел Шумахер изјави:
"Ова е историски ден. Веќе беше многу посебно чуство да се победи пет пати по ред, но со овој нов рекорд чувството е повеќе од одлично. Манифестацијата - Трка на Шампионите е убав настан, сцената е прекрасна, има добри момци и опасна конкуренција. Знаевме дека момците од тимот на Франција се опасни, но на крајот ние излеговме како победници."
Себастијан Ветел додаде:
"Дури и Михаел нема шест титули по ред, па ова е нешто посебно. Ние сите сакаме да доаѓаме тука бидејќи ова е специјален настан. Привилегија и чест е да се тркаме со овие момци. Има едно нешто што не поврзува сите нас, а тоа е тркањето. Сега го очекувам утрешниот ден и се надевам дека ќе останам во игра што е можно подолго. Пробав во последните пет години и не успеав, па би било убаво да стои и моето име на тој трофеј."
Tags
Share to other apps