Наскоро повеќе за новиот МП4-28!!!
Со интересна промоција, на која беше ставен акцент на 50 годишнината од своето основање, Мекларен го покажа својот нов болид MP4-28 во Мекларен Технолошкиот центар во Вокинг.
Џенсон Батон на промоцијата пристига со развојниот модел Мекларен П1, а Серџо Перез со MP4-12C, а пред нивното пристигнување проследивме поворка на Мекларен болиди, вклучувајќи ги шампионските MP4/4, MP4-13 и MP4-24. Коментарите на повеќето фанови кои ја следеа промоцијата беше дека новиот болид е копија на минатогодишниот. Џенсон Батон, кој треба да ја има водечката улога во тимот со почетокот на новата сезона, изјави дека иако болидот е визуелно сличен на минатогодишниот MP4-27, разликата и новитетите се под "хаубата". Болидот како што очекувавме го задржа истиот висок нос без степеница.
Според Мекларен, MP4-28, не е само дотерување на победничкиот болид од минатата година, туку тоа е длабок и убедлив ре-дизајн на веќе успешна шасија во неколку клучни области, особено околу носот и предната амортизација, страничните спојлери и задната каросерија.