Како ќе изгледа новиот FW35?!?
Вилијамс Ф1 ќе го промовира својот 2013 болид, со ознака FW35, во вторник, 19 Февруари на патеката Каталуња во Шпанија. Промоцијата ќе се одржи во гаражата на овој тим, со помош на возачите Пастор Малдонадо, Валтери Ботас и Сузи Волф, непосредно пред стартот на втората сезонска тест сесија.Тимот денес го промовираше и својот нов редизаниран веб-сајт, williamsf1.com, кој има за цел подобрување на корисничкото искуство, располага со модерен интерфејс и зголемен акцент на социјалната интеграција. Веб-страницата овозможува оптимизација на содржината и видливоста на која било платформа, десктоп компјутери, таблети или мобилни телефони.