Фернандо за прв пат ќе го испроба Ф138
Ф1 тимовите се веќе во Барселона, пред почетокот на втората четири-дневена тест сесија за оваа година. Патеката Каталуња е популарна локација за тестирање поради температурите кои обично се умерени во целата година, но секогаш постои потенцијал за ниски температури. Дизајнот на истата е предизвик за секој аспект на болидот и гумите. Позната е теоријата дека ако болидот може да биде брз во Барселона, тогаш може да биде брз на повеќето патеки од календарот. Тоа е она што сите тимови ќе се обидуваат да се воспостави во текот на следните четири дена.За Барселона тимовите веќе имаат многу податоци, што е корисно за овогодишната анализа. Тимовите треба да спроведат многу продуктивна работа за да го разберат однесувањето на нивните нови болиди, како и интеракцијата со најновата генерација на Пирели гумите, кои сега се помеки и побрзи отколку минатата година со намерно зголемена деградација.
ТИМ ВТОРНИК, 19/2/2013 СРЕДА, 20/2/2013
Ред Бул Себастијан Ветел Себастијан Ветел
Ферари Фернандо Алонсо Фернандо Алонсо
Мекларен Серџо Перез Серџо Перез
Лотус Кими Раиконен Кими Раиконен
Мерцедес АМГ Нико Розберг Луис Хамилтон
Заубер Естебан Гутиерез Нико Хулкенберг
Форс Индија Пол ди Реста Пол ди Реста
Вилијамс Пастор Малдонадо Валтери Ботас
Торо Росо Даниел Рикардо Даниел Рикардо
Катерам Чарлс Пик Гидо ван дер Гард
Марусија Макс Чилтон Макс Чилтон
ТИМ ЧЕТВРТОК, 21/2/2013 ПЕТОК, 22/2/2013
Ред Бул Марк Вебер Марк Вебер
Ферари Фернандо Алонсо Фелипе Маса
Мекларен Џенсон Батон Џенсон Батон
Лотус Роман Грожан Роман Грожан
Мерцедес АМГ Нико Розберг Луис Хамилтон
Заубер Нико Хулкенберг Естебан Гутиерез
Форс Индија Адриан Сутил Жил Бјанки
Вилијамс Малдонадо/Ботас Ботас/Малдонадо
Торо Росо Жан-Ерик Верн Жан-Ерик Верн
Катерам Гидо ван дер Гард Чарлс Пик
Марусија тба тба
Секој болид ќе има на рсполагање максимум од 35 комплети на нови Пирели гуми, вклучувајќи ги и интермедиа и гумите за дожд, ако е потребно. На оваа тест сесија ќе ги видиме и супер-меките гуми на Пирели.
ГУМИ СЕТОВИ ПО ТИМ НАЈБРЗО ВРЕМЕ ОД 2012
Супер-меки 1 1:22.391 (3 ден)
Меки 5 1:22.312 (4 ден)
Медиум 5 нема
Тврди 6 1:23.265 (1 ден)
Интермедиа 2 нема
Гуми за дожд 1 нема