Комплетната палета гуми на Пирели за 2013
Пирели ги објави гумите кои ќе се користат за првите четири трки во Австралија, Малезија, Кина и Бахреин.Во Австралија ќе се користат медиум(бели) и супер-меките(црвени) гуми. За прв пат ќе ги гледаме најмеките гуми на Пирели во Мелбурн. Овој избор треба да обезбеди разлика во перформансите помеѓу болидите на различни гуми, што овозможува стратегијата да игра значајна улога.
Изборот на Пирели за Малезија се двете најтврди гуми во нивната палета, Тврди(портокалови) и Медиум(бели). Изборот е едноставно поради високите температури и абразивната површина на асфалтот, а тоа се добро познати карактеристики на Далечниот Исток.
За Кинеското Гран При се номинирани Медиум(бели) и Меки(жолти), најдобар избор за очекуваната релативно висока деградација на гумите како резултат на тешката патека, која доведува до блиски дуели меѓу болидите.
Како и за Австралија, и во Бахреин имаме сосема нов избор на гуми за оваа година во споредба со минатата година: Тврди(портокалови) и Меки(жолти). Ова е направено за да обезбеди брзина во квалификациите заедно со издржливост потребна за трката, која што често се одржува на високи температури.
Правилата предвидуваат дека под нормални околности секој тим ќе добие шест комплети на потврдите и пет комплети на помеките гуми за дадениот тркачки викенд. Пирели, исто така, ќе ги донесе своите Интермедиа гуми(Зелени) за влажна патека, четири комплети за секој возачот, како и Гумите за дожд(Плави) и тоа по три комплети за секој возач, на секоја трка.