Марк Вебер најбрз на првиот ден
Марк Вебер го забележа најбрзото време со Ред Бул на првиот ден на финалната тест сесија во Барселона. Разликата на Австралијанецот е толку голема во споредба со сите останати бидејќи неговото време беше поставено на меките гуми на Пирели на само седум минути пред крајот на сесијата, додека останатите беа на медиум гуми.Како заврши минатата сесија, така започна оваа... Дожд... Како по обичај на вакво време Луис Хамилтон беше најбрз пред паузата за ручек. Кога има дожд има и излетувања. Прв беше Роман Грожан, следуваа Серџо Перез, Марк Вебер, Естебан Гутиерез. По паузата дождот престана, а патеката како што се сушеше, возачите преминуваа на слик гумите, со што и времињата започнаа значително да се намалуваат.
И покрај слабите услови денес, од страна на повеќето возачи беа комплетирани голем број кругови, а најмногу извозеа Хамилтон, Маса и Перез. Проблеми за возачот на Лотус, Роман Грожан, кој го заврши денот со најбавно време поради истекување на хидрауличната течност. Ден од кој не може да донесеме некој релевантен заклучок за формата на тимовите.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Марк Вебер Ред Бул 1:22.693 90
2. Луис Хамилтон Мерцедес 1:24.348 1.655 113
3. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:25.017 2.324 59
4. Валтери Ботас Вилијамс 1:26.458 3.765 85
5. Серџо Перез Мекларен 1:26.538 3.845 100
6. Естебан Гутиерез Заубер 1:26.574 3.881 92
7. Пол ди Реста Форс Индија 1:27.107 4.414 57
8. Фелипе Маса Ферари 1:27.541 4.848 112
9. Макс Чилтон Марусија 1:28.166 5.473 78
10. Чарлс Пик Катерам 1:28.644 5.951 83
11. Роман Грожан Лотус 1:34.928 12.235 52