Роман Грожан најбрз на вториот малку посув ден на Каталуња!!!
Повеќето тимови ја знаеа временската прогноза за денешниот ден која најавуваше периоди на дожд, па така го променија закажаниот распоред на возачи по денови, да не остане некој со два дена на дожд. Само Роман Грожан немаше избор, мораше да вози повторно, па како за инает го постави и најбрзото време денес на Каталуња.По утринскиот дожд, во попладневните часови, небото се расчисти, а тимовите се решија за симулациии на трка и евалуација на гумите на Пирели. За жал, дождот се врати повторно со половина час до крајот на сесијата. Прогнозата за последните два дена се подобри, па се надеваме дека ќе можат тимовите да го покажат врвот на нивните достигнувањаи ние да добиеме порелевантни резултати на кои би анализирале кој тим во каква форма се наоѓа пред почетоко на првата трка од 2013 сезоната во Австралија на 17 Март.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ ГУМИ
1. Роман Грожан Лотус 1:22.716 88 Меки
2. Џенсон Батон Мекларен 1:23.181 0.465 72 Медиум
3. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:23.628 0.912 75 Меки
4. Себастијан Ветел Ред Бул 1:23.743 1.027 65 Медиум
5. Нико Хулкенберг Заубер 1:23.744 1.028 79 Медиум
6. Адриан Сутил Форс Индија 1:24.215 1.499 62 Медиум
7. Даниел Рикардо Торо Росо 1:25.483 2.767 61 Медиум
8. Макс Чилтон Марусија 1:25.598 2.882 75 Меки
9. Гидо ван дер Гард Катерам 1:26.316 3.600 48 Медиум
10. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:26.655 3.939 120 Медиум
11. Фернандо Алонсо Ферари 1:27.878 5.162 102 Тврди