Иако беше повеќе од 0.6с. побавен од најбрзото време на Фелипе Маса, Себастијан Ветел возеше на тврди гуми, а со разликата помеѓу меките и тврди гуми објавена од Пирели, и која треба да е околу 0.5с. во корист на меките гуми, ни кажува дека има уште скриена сила во болидот на Ред Бул.
Првиот ден за Педро де ла Роса со Ферари Ф138 имаше неславен крај, кога по само два круга откажа неговиот менувач, а кога го запре болидот покрај патеката, тој се запали во задниот дел, местото каде се наоѓа издувниот систем.
На крај, Кими Раиконен ја имаше честа да биде најбрз, иако Фелипе Маса останува најбрз на целата тест сесија. Финецот го забележа своето најдобро време со меки гуми и краток стинт во текот на попладневните часови, а потоа се посвети на возење на долги стинтови. Раиконен беше за 0.027 побрз од Жил Бјанки со Форс Индија, време што би можело да му го донесе второто возачко место во овој тим. Неговото време исто така беше на меки гуми.
Луис Хамилтон исто како и вчера Розберг, извозе прилично многу кругови за да го надомести изгубеното време по излетувањето во средата. Британецот на крај го забележа 6-тото најбрзо време. Хамилтон изјави дека чувствува дека во Мерцедес АМГ имаат добра платформа и добра основа за работа.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Кими Раиконен Лотус 1:18.148 82
2. Жил Бјанки Форс Индија 1:18.175 0.027 56
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:18.565 0.417 96
4. Естебан Гутиерез Заубер 1:18.669 0.521 142
5. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:18.760 0.612 92
6. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:18.905 0.757 145
7. Серџо Перез Мекларен 1:18.944 0.796 97
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:19.851 1.703 91
9. Педро де ла Роса Ферари 1:20.316 2.168 50
10. Чарлс Пик Катерам 1:21.105 2.957 109
11. Луис Рациа Марусија 1:21.226 3.078 81
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:23.435 5.287 49