тука



Секако се ова е многу релативно, базирано на една тест сесија и неможноста многу да се дознае за тимските програми. Едно е сигурно сите се задоволни во однос на минатогодишната сесија во Херез, па според тоа сигурно не очекува слична сезона на минатогодишната.
Единствена непозната се новите гуми на Пирели, кои се целосно различни од минатата година. Ф1 тимовите се запознаа со основните карактеристики на најновата генерација Пирели гуми и според официјалниот снадбувач со гуми тимовите формирале позитивен прв впечаток.
Најбрзите времиња од секој ден се следни:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ ГУМИ
1 ДЕН
1. Џенсон Батон Мекларен 1:18.861 Тврди нови
2. Марк Вебер Ред Бул 1:19.709 Медиум нови
3. Роман Грожан Лотус 1:19.796 Тврди нови
2 ДЕН
1. Роман Грожан Лотус 1:18.218 Меки нови
2. Пол ди Реста Форс Индија 1:19.003 Меки нови
3. Даниел Рикардо Торо Росо 1:19.134 Медиум нови
3 ДЕН
1. Фелипе Маса Ферари 1:17.879 Меки нови
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:18.766 Медиум нови
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:19.052 Медиум нови
4 ДЕН
1. Кими Раиконен Лотус 1:18.148 Меки нови
2. Жил Бјанки Форс Индија 1:18.175 Меки нови
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:18.565 Тврди нови
Разликата помеѓу најбрзото време на Меки гуми забележано од Фелипе Маса и Себастијан Ветел со Тврди гуми е околу 0.7секунди, а временската разлика помеѓу овие две компоненти според Пирели треба да е околу половина секунда по круг. Но, тука не влегуваат и другите фактори, како што е еволуцијата на патеката, или пак разликата на гориво во резервоарот, кои може многу да променат. Подобра слика за гумите ќе се добие на следната тест сесија во Барселона, но со оглед на постуденото време во овој дел од годината се може да се промени со стартот на трките, кога времето е многу топло.Мерцедес АМГ се зад водечките тимови, но со доаѓањето на Луис Хамилтон ќе бидат водечки тим во медиумите, како во времето кога дојде Михаел Шумахер. Останува да видиме дали Британецот ќе го крене овој тим на повисоко скалило или и тој ќе се изгуби во неговата просечност. Во Херез, првиот ден имаше ограничена сесија по излетувањето поради неисправност на задните сопирачки, (Михаел цело време велеше дека болидот тешко сопира, изгледа никој не ги земаше за сериозни овие негови изјави), но на последниот ден надомести со импресивно голема километража без проблеми. Но, според присутните новинари во Херез неговата реакција е дека W04 не е шампионски болид.


