Хамилтон денес најбрз во Каталуња!!!
Луис Хамилтон го забележа најбрзото време на третиот ден од последната тест сесија пред стартот на 2013 сезоната.
Времето кое го постави на утринскиот дел од сесијата остана најбзо на денот и досега најбрзото време поставено на Каталуња за време на сите досегашни тест денови. При поставување на ова време беше на меките гуми на Пирели.Фелипе Маса во попладневните часови, излезе на патеката со неколку кратки стинтови на двете најбрзи гуми на Пирели - Меки и Супер-меките. Неговото најбрзо време беше поставено на супер-меките гуми, а малку покасно Бразилецот предизвика црвено знаме, кога неговото лево предно тркало ненадејно се откачи од неговиот болид.
Мирен ден без дожд и без поголеми возбудвања на патеките, во тој стил беа и Марк Вебер и Серџо Перез, со болидите на Ред Бул и Мекларен, едни од главните претенденти за титулите. Денес на патеката го немаше Кими Раиконен кој ни се поболи, добил труење со храна, па него го замени Давид Валсеки, резервниот возач на Лотус. По неколкуте извртувања на патеката од тимот решија предвреме повторно да се реактивира Грожан, кој го зеде Е21 во свои раце во попладневните часови. Забележувате ново име во Марусија, Жил Бјанки кој го замени Луис Рациа во овој тим, откако не успеа да обезбеди место во Форс Индија.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ ГУМИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:20.558 117 МЕКИ
2. Фелипе Маса Ферари 1:21.266 + 0.708 94 МЕКИ
3. Адријан Сутил Форс Индија 1:21.627 + 1.069 109 МЕКИ
4. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:22.305 + 1.747 34 МЕКИ
5. Валтер Ботас Вилијамс 1:22.468 + 1.910 31 МЕКИ
6. Естебан Гутиерез Заубер 1:22.553 + 1.995 99 МЕКИ
7. Марк Вебер Ред Бул 1:22.658 + 2.100 59 МЕКИ
8. Серџо Перез Мекларен 1:22.694 + 2.136 101 МЕКИ
9. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:23.223 + 2.665 114 МЕКИ
10. Роман Грожан Лотус 1:23.380 + 2.822 46 МЕДИУМ
11. Давид Валсеки Лотус 1:23.448 + 2.890 16 МЕКИ
12. Жил Бјанки Марусија 1:24.028 + 3.470 74 МЕКИ
13. Гидо ван дер Гард Катерам 1:24.235 + 3.677 126 МЕКИ