Нико Розберг денес побрз од Луис Хамилтон!!!
На последниот ден, што и беше очекувано, поставено најбрзото време на патеката Каталуња. Но, она што не беше очекувано е од кој возач и тим беше забележано - Мерцедес АМГ!!!Нико Розберг ја продолжи доминацијата на Мерцедес АМГ на последните два тест дена. Најброто време беше поставено во утринскиот дел од сесијата кога тој и Алонсо се изменуваа на врвот во низа од кратки стинтови на меките гуми на Пирели. На крај од денешната сесија Мерцедесот беше побрз за 0.364 с. од Ферарито. Алонсо ги испроба и супер-меките гуми, но тој не успеа да го подобри своето време на нив, што некако делува нелогично.
Речиси една секунда зад Ферари беше Џенсон Батон, со Мекларен, кој поголемиот дел од сесијата возеше на тврди гуми, за подоцна да го забележи своето најбрзо време на необележаните гуми на Пирели, кои се претпоставува дека беа еднакви на меките. На тестовиве се појавуваат необележани гуми на Пирели, а тоа се Back-Up гуми произведени во нивната фабрика во Романија, во случај ако главната нивна фабрика која се наоѓа во Турција не биде во можност да испорачува гуми.
Актуелниот светски шампион Себастијан Ветел со Ред Бул како и секогаш резеервирани и концентрирани на работа со потврдите гуми и никогаш во потрага по брзи времиња. Тие се единствениот тим кој е тешко да се прочита. Најверојатно се многу самоуверени во своите можности, а и зошто не би биле кога веќе трета година никој не може да ги победи.
Вчера труење со храна денес проблеми со менувач за Кими Раиконен, па никако да видиме конкурентно време од него, а малкуте извозени кругови се хендикеп за него, но тој е старт волк на кој не му требаше ни една сезона да се врати на Победничкиот подиум.
Тоа беше се од зимските тест сесии, кој што сработел ќе видиме за две недели на трката во Австралија (временски распоред и инфо за патеката). Во наредните денови, бидете со МкФормула1 и очекувајте ја нашата анализа и проценка за распоредот на силите на Формула 1 тимовите.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ ГУМИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:20.130 131 МЕКИ
2. Фернандо Алонсо Ферари 1:20.494 0.364 120 МЕКИ
3. Џенсон Батон Мекларен 1:21.444 1.314 122 МЕКИ
4. Нико Хулкенберг Заубер 1:21.541 1.411 118 МЕКИ
5. Кими Раиконен Лотус 1:21.658 1.528 50 МЕКИ
6. Пол ди Реста Форс Индија 1:21.664 1.534 112 МЕКИ
7. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:22.415 2.285 42 МЕКИ
8. Себастијан Ветел Ред Бул 1:22.514 2.384 100 ТВРДИ
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:22.524 2.394 31 МЕКИ
10. Чарлс Пик Катерам 1:23.115 2.985 116 МЕКИ
11. Жил Бјанки Марусија 1:23.167 3.037 62 МЕКИ
12. Даниел Рикардо Торо Росо 1:23.628 3.498 90 МЕКИ
13. Макс Чилтон Марусија 1:24.103 3.973 49 МЕКИ
*гумите се под претпоставка