Како што се сушеше патеката, така и Ред Бул ја покажуваше својата надмоќ, па на крај Себастијан Ветел убедливо стигна до нова Пол позиција, а Марк Вебер со втората стартна позиција го имаше најдобриот свој пласман на неговата домашна трка.
Луис Хамилтон со забележаното трето најбрзо време ги изненади сите и имаше многу добар старт на сезона со својот нов тим Мерцедес АМГ, но беше 0.6 секунди побавен од Себ. Тој се пласираше три места повисоко од тимскиот колега Нико Розберг, а се очекуваше спротивното, бидејќи Германецот беше најбрз на патеката кога таа беше влажна.
Фелипе Маса го имаше четвртото најбрзо време и го победи својот тимски колега Фернандо Алонсо,за само неверојатни 0.003секунди. Кими Раиконен се пласираше на седмата стартна позиција, пред Роман Грожан на осмата. Последните две стартни места од ТОП 10 им припаднаа на Пол ди Реста, со Форс Индија и невообичаено да го гледаме Мекларен на десеттата стартна позиција со Џенсон Батон.
Болидите што учествуваа во последната трета сесија имаат многу graining на супермеките гуми, што би значело дека може да очекуваме многу краток прв стинт по стартот, а дополнителна возбуда може повторно да донесе дождот кој е прогнозиран за средина од трката. Очекуваме одличен почеток на сезоната.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:27.407
2. Марк Вебер Ред Бул 1:27.827 + 0.420
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:28.087 + 0.680
4. Фелипе Маса Ферари 1:28.490 + 1.083
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:28.493 + 1.086
6. Нико Розберг Мерцедес 1:28.523 + 1.116
7. Кими Раиконен Лотус 1:28.738 + 1.331
8. Роман Грожан Лотус 1:29.013 + 1.606
9. Пол ди Реста Форс Индија 1:29.305 + 1.898
10. Џенсон Батон Мекларен 1:30.357 + 2.950
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:36.194
11. Нико Хулкенберг Заубер 1:38.067 + 1.873
12. Адријан Сутил Форс Индија 1:38.134 + 1.940
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:38.778 + 2.584
14. Даниел Рикардо Торо Росо 1:39.042 + 2.848
15. Серџо Перез Мекларен 1:39.900 + 3.706
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:40.290 + 4.096
17. Адријан Сутил Форс Индија 1:37.593 + 2.024
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 1:43.380
17. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:47.614 + 4.234
18. Естебан Гутиерез Заубер 1:47.776 + 4.396
19. Жил Бјанки Марусија 1:48.147 + 4.767
20. Макс Чилтон Марусија 1:48.909 + 5.529
21. Гидо ван дер Гард Катерам 1:49.519 + 6.139
22. Чарлс Пик Катерам 1:50.626 + 7.246
107% време: 1:50.616