Возачите се очекува секогаш да бидат оптимистички расположени, но техничките директори се малку повеќе резервирани во своите изјави, а тоа е случај и со Пет Фрај од тимот на Ферари. Во својата изјава за официјалниот страница на овој тим тој вели:
"Ние покажавме разумно темпо на трките на сите видови гуми кои досега ги користевме, но ние имаме потенцијал за да бидеме уште побрзи во квалификациите и ние работиме многу напорно на тоа во моментов. Ние се концентрираме на подолгите стинтови, затоа што оваа година очекуваме повеќе застанувања во боксовите за време на трката. Сепак, ние не ги игнорираме и нашите перформанси во квалификациите. Сигурен сум дека ќе имаме повеќе да покажеме на тоа поле, како што дознаваме се повеќе за однесувањето на нашиот болид, ќе започнеме да го добиваме најдоброто од него."
"Шангај е предизвик, мешавина на брзи и бавни кривини со 1.2 км правци. Дали тоа ќе одговара на нашите болиди? Премногу е рано да одговориме на ова прашање, бидејќи постојат многу варијабли. На пример, ова ќе биде првиот викенд оваа година кога ќе ги користиме Меките гуми на Пирели, заедно со медиум гумите. На крајот на овој викенд, ќе имаме појасна слика за тоа како се однесуваат сите гуми на Пирели. Но, може да кажеме дека нашето темпо беше во ред на сите гуми на кои возевме до овој момент."
ПЕТ ФРАЈ: ШТО ПОВЕЌЕ УЧИМЕ ЗА Ф138, ТОА ПОБРЗИ ЌЕ БИДЕМЕ
4/10/2013 01:55:00 PM
0
Share to other apps