Себастијан Ветел на брифинг со Андреас Сигл, во својата нова улога како директор на перформанси во Инфинити
По Малезиското ГП и аферата "Мулти-21", сопственикот на тимот Дитрих Матешиц, бил "многу несреќен", па следуваше изјава на Хелмут Марко, спортскиот директор на Ред Бул кој за Германскиот Спорт Билд изјави дека тимот ги укинува тимските наредби."Нема да има повеќе тимски наредби од нас" - д-р Хелмут Марко.
За потсетување, Себастијан Ветел ги игнорираше наредбите на тимот да остане зад лидерот Марк Вебер во Малезија, предизвикувајќи низа контроверзии и извинувања. Нашата прва реакција беше дали е тоа можно, до каде стигна Ф1 Шампионатот кога треба да се извинуваш што си победил на трка?!?
Денес Себастијан како да не послуша и следеше објаснување на извинувањето:
"Јас не се извинив за Победата. Мислам дека тоа е она за што тие луѓето и ме вработија на прво место и зошто сум во овој тим. Сакам да се тркам и тоа е она што го направив. Веднаш по завршувањето на трката, јас се извинив за ставање на моите интереси над оние на тимот, што навистина не сакав да го направам, и нема многу што повеќе што да каже. Очигледно, трката остана запамтена по начинот на кој заврши, а нашите одлични перформанси останаа во втор план. Во Малезија бевме на врвот и низ целата трка работевме одлично со гумите. На Кинеското Гран При повторно одиме Победа."