Се враќа во Катерам!!!
Од Катерам изјавија дека во тимот се враќа Хеики Ковалаинен, како резервен возач, заедно со тековниот резервен возач Александар Роси, кој ќе се трка за Caterham Racing во ГП2 шампионатот на местото од Ма Кинг Хуа.Ревидираните планови за Ма Кинг Хуа, кој неодамна влезе во историјата со што стана првиот кинески возач кој учествувал во Ф1 викенд, ќе бидат најавени во догледно време.
Пoчетните должности на Хеики ќе бидат учество првите слободни тренинзи на претстојните трки во Бахреин и во Шпанија. Финскиот возач ќе учествува во проценката на новите надградби за 2013 болидот.