Алонсо исто така постави нов рекорд со што стана единствениот возач кој Победил на Шпанското ГП, а не стартувал од првиот ред, и со тоа се покажа дека доброто менаџирање со гумите е значаен фактор. Овој факт го потврдува и пласманот на Кими Раиконен, кој беше со сосема поинаква стратегија од Алонсо со едно помалку застанување во боксовите. Неговиот случај покажува дека и не е 100% се околу гумите, туку дека е потребен и константно брз болид.
Себастијан Ветел мораше да се задоволи со четвртото место и ни во еден момент не беше вистинска закана за Алонсо, а главна причина се гумите на Пирели. Но, што да се каже за дуото на Мерцедес АМГ, Розберг и Хамилтон? Тие стартуваа од првиот ред, но Розберг, заврши шести, 68 секунди зад Алонсо, а Хамилтон, на 12-тото место, беше дури поминат за еден круг. Мекларен повторно спасуваше што може да се спаси со двојниот финиш во поени, Џенсон Батон заврши на осмото место, а Серџо Перез на деветото, а тимот навреме ја откажа потенцијалната нивна битка кажувајќи му на Перез, да не ги оштетува своите гуми во напаѓање на неговиот тимски колега.
Како резултат на денешниот пласман, Шампионатот станува значително поинтересен со првите три возачи покриени во само 17 поени.
Голема Награда на Шпанија, Каталуња
66 круга, 307.104км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1ч39:16.596
2. Кими Раиконен Лотус + 9.338
3. Фелипе Маса Ферари + 26.049
4. Себастијан Ветел Ред Бул + 38.273
5. Марк Вебер Ред Бул + 47.963
6. Нико Розберг Мерцедес + 1:08.020
7. Пол ди Реста Форс Индија + 1:08.988
8. Џенсон Батон Мекларен + 1:19.506
9. Серџо Перез Мекларен + 1:21.738
10. Даниел Рикардо Торо Росо + 1 круг
11. Естебан Гутиерез Заубер + 1 круг
12. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 1 круг
13. Адријан Сутил Форс Индија + 1 круг
14. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1 круг
15. Нико Хулкенберг Заубер + 1 круг
16. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
17. Чарлс Пик Катерам + 1 круг
18. Жил Бјанки Марусија + 2 круга
19. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Естебан Гутиерез - 1:26.217
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Жан-Ерик Верн Торо Росо 52
Гидо ван дер Гард Катерам 21
Роман Грожан Лотус 8
Генерален пласман по 3 трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 89 1. Ред Бул 131
2. К.Раиконен 85 2. Ферари 117
3. Ф.Алонсо 72 3. Лотус 111
4. Л.Хамилтон 50 4. Mercedes 72
5. Ф.Маса 45 5. Форс Индија 32
6. М.Вебер 42 6. Мекларен 29
7. Р.Грожан 26 7. Торо Росо 8
8. П.ди Реста 26 8. Заубер 5
9. Н.Розберг 22
10. Џ.Батон 17
11. С.Перез 11
12. Д.Рикардо 7
13. А.Сутил 6
14. Н.Хулкенберг 5
15. Ж.Верн 1