Луис Хамитон и Монако ГП-то, дали е тоа единствената негова шанса за победа и на Мерцедес АМГ во оваа сезона?
Минатогодишната Пол позиција на Михаел Шумахер(поради казна не стартуваше прв) ја потврдува оваа констатација. Ова е најдобриот момент за Шампион од 2008 да ги покаже своите способност и да застане на врвот на Победничкиот подиум.
Мерцедес АМГ имаше многу слаби настапи на досегашните трки, за ралика од Квалификациите на кои со леснотија го обезбедуваа првиот стартен ред, а ако повторно се таму и за трката во недела тешко некој да им ја загрози Победата. Прашање е дали Луис ќе ја забележи првата Победа со новиот тим или Нико Розберг нема да го дозволи тоа на тесните улици на Монако.
Иако Ред Бул победува веќе три години по ред, според Алонсо, квалификационата форма на Мерцедес АМГ е реална закана во Монако.
"Болидите на Мерцедес пристигнуваат во Монако како фаворити. Тие беа на Пол позицијата на последните три трки, а и минатата година беа на Пол позицијата со Шумахер, па би било изненадување ако тие не ја освојат и годинешната Прва стартна позиција. Престигнувањето е тешко во Монако, па можеби тие ќе можат да ги задржат своите позиции подолго време."-изјави Шпанецот.
2013 МОНАКО ГП - ЕДИНСТВЕНА ШАНСА ЗА ПОБЕДА НА ЛУИС ХАМИЛТОН И МЕРЦЕДЕС АМГ
5/22/2013 05:29:00 PM
0
Share to other apps