Фернандо Алонсо беше втор, а Фелипе Маса четврти најбрз, што треба да значи дека Ферари ќе е добар на оваа патека. Возачите на Лотус, имаа проблеми со контролирањето на болидот низ тесните улици на Монте Карло, за на крај само Роман Грожан да изнајде сет-ап на болидот со кој го забележа третото најбрзо време, и заврши само 0.185с. зад Розберг. Кими Раиконен треба сеуште да го пронајде вистинскиот баланс на Е21. Но, затоа следуваат уште 2 слободни тренинзи, кои може многу да сменат.
Пастор Малдонадо докажа дека е "street fighter", поставувајќи го шестото најбрзо време со толку оспоруваниот болид на Вилијамс. Но, сето тоа треба да го повтори и на Квалификациите во сабота, и трката во недела. Ред Бул повторно не ги покажува своите адути, па така Марк Вебер со само седмо најбрзо време, а Себастијан Ветел дури десетти. Но, овој пласман драстично треба да се подобри на вториот тренинг, а ако тоа по некоја случајност не се постигне, тогаш Ред Бул навистина ќе бидат во големи проблеми.
Вториот слободен тренинг на кој ќе се одговорат повеќе прашања околу фаворитите за највисок пласман започнува во 14:00 СЕТ/МК.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:16.195 30
2. Фернандо Алонсо Ферари 1:16.282 + 0.087 26
3. Роман Грожан Лотус 1:16.380 + 0.185 20
4. Фелипе Маса Ферари 1:16.394 + 0.199 22
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:16.469 + 0.274 27
6. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:16.993 + 0.798 26
7. Марк Вебер Ред Бул 1:17.020 + 0.825 26
8. Џенсон Батон Мекларен 1:17.129 + 0.934 28
9. Серџо Перез Мекларен 1:17.378 + 1.183 24
10. Себастијан Ветел Ред Бул 1:17.380 + 1.185 22
11. Кими Раиконен Лотус 1:17.509 + 1.314 25
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:17.548 + 1.353 26
13. Адријан Сутил Форс Индија 1:17.625 + 1.430 20
14. Нико Хулкенберг Заубер 1:18.193 + 1.998 25
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:18.454 + 2.259 24
16. Естебан Гутиерес Заубер 1:18.754 + 2.559 27
17. Валтери Ботас Вилијамс 1:18.830 + 2.635 27
18. Даниел Рикардо Торо Росо 1:19.067 + 2.872 24
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:19.203 + 3.008 20
20. Чарлс Пик Катерам 1:19.438 + 3.243 27
21. Жил Бјанки Марусија 1:19.773 + 3.578 19
22. Макс Чилтон Марусија 1:20.225 + 4.030 20