Ферари исто така, покажаа добри перформанси, а единствена нивна слаба точка беше 3-от сектор, каде губеа многу време при своите брзи кругови. На крај, Фернандо Алонсо и Фелипе Маса завршија со третото и четвртото најбрзо време. Да напоменеме дека Алонсо беше малку забавен од болидот на Заубер при неговиот брз круг и за малку не се удри во бариерите во два наврати.
Марк Вебер беше петти, додека Кими Раиконен шести, пред тимскиот колега Роман Грожан, кој го имаше единствениот посериозен инцидент на денешните тренинзи, кога загуби контрола врз својот болид и се удри во бариерите поставени кај кривината, Sainte Devote. Предниот лев дел на неговиот болид беше значително оштетен, принудувајќи го да го заврши предвреме тренингот со останати 50 минути.
Џенсон Батон го постави на осмото најбрзо време, додека актуелниот светски шампион Себастијан Ветел помина многу време во гаражата, не се знае дали тактизирајќи или тимот се соочуваше со проблеми, и пред крајот на тренингот го постави деветтото најбрзо време. Пол ди Реста ги заокружи најбрзите 10 возачи.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:14.759 45
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:15.077 + 0.318 50
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:15.196 + 0.437 37
4. Фелипе Маса Ферари 1:15.278 + 0.519 38
5. Марк Вебер Ред Бул 1:15.404 + 0.645 41
6. Кими Раиконен Лотус 1:15.511 + 0.752 38
7. Роман Грожан Лотус 1:15.718 + 0.959 10
8. Џенсон Батон Мекларен 1:15.959 + 1.200 39
9. Себастијан Ветел Ред Бул 1:16.014 + 1.255 32
10. Пол ди Реста Форс Индија 1:16.046 + 1.287 42
11. Адријан Сутил Форс Индија 1:16.349 + 1.590 43
12. Серџо Перез Мекларен 1:16.434 + 1.675 40
13. Нико Хулкенберг Заубер 1:16.823 + 2.064 42
14. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:16.857 + 2.098 40
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:16.935 + 2.176 44
16. Даниел Рикардо Торо Росо 1:17.145 + 2.386 37
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:17.184 + 2.425 42
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:17.264 + 2.505 46
19. Жил Бјанки Марусија 1:17.892 + 3.133 40
20. Чарлс Пик Катерам 1:18.212 + 3.453 43
21. Макс Чилтон Марусија 1:18.784 + 4.025 40
22. Гидо ван дер Гард Катерам 1:19.031 + 4.272 30