Џенсон Батон смета Мекларен напредува во вистинската насока и изјави дека тркачкото темпо било изненадувачки добро на првите два слободни тренинзи за Монако ГП.
"Имавме проблеми на утринскиот тренинг, кога патеката се уште беше прилично "зелена", а ние не можевме да ги загрееме гумите на потребната температура, но мислам дека тоа беше проблем за сите, а не само за нас. Нашето темпо на долгите стинтови изгледа изненадувачки добро, но нашето квалификационо темпо сеуште е проблем. Сепак, јас се чувствувам многу посреќен со однесувањето на болидот тука, отколку на изминативе неколку трки."
"Постојат некои области во кои имавме проблеми, но тие области сега се подобрени, а тоа е очигледно позитивна вест. Ние не поставувавме неверојатни времиња, но јас сум среќен, што ние се движиме во вистинската насока. И се надевам дека во сабота можеме да се подобриме уште повеќе."
2013 МОНАКО ГП: ЏЕНСОН БАТОН ВЕРУВА ДЕКА МЕКЛАРЕН СЕ ДВИЖИ ВО ВИСТИНСКАТА НАСОКА
5/24/2013 12:34:00 AM
0
Share to other apps
