Пирели, официјалниот Ф1 добавувач на гуми, денес ги предупреди тимовите дека ќе се повлече од спортот на крајот од сезоната доколку наскоро не се постигне нов договор за 2014 година.
"Ние имаме обврска на 1 Септември да им кажеме на тимовите се она што тие треба да го знаат за гумите за следната сезона. Сега сме при крај на месец мај, па може да замислите колку целата ситуација е смешна, што ние немаме никакви договори, па на крај можеби ние и нема да бидеме присутни во Ф1 и следната сезона..."
"Тоа не е како ставање на потврда компонента во годинешната смеша за нашите гуми. Промените се толку драматични, што ние најверојатно треба да направиме темелна реконструкција на гумите, а за тоа е потребно време. Така што подолго се одложува постигнувањето договор, тоа ја прави нашата работа невозможна и може да дојдеме до еден момент кога што најверојатно ќе се каже - Па, ние немаме време да ја завршиме работата."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.