Кими Раиконен верува дека Е21 има перформанси за да му се спротистави на Мерцедес АМГ на квалификациите за Големата Награда на Монако.
"Доколку направиме се како што треба, мислам дека можеме да го стигнеме квалификациското темпо на Мерцедес АМГ. Ќе видиме што ќе се случи во сабота. Денес тие беа многу брзи, но работите може да се променат. Нема логика да погаѓам што би можело да се случува на квалификациите."
"Ќе треба да почекаме до сабота наутро, и ако биде слично на четврточното утро тоа ќе биде катастрофа за нас. На првиот тренинг работите не се одвиваа баш како што треба, но во текот на попладнето успеавме да направиме голем прогрес и продолжуваме да се подобруваме. Доколку сакаме да победиме, тогаш ќе мораме да стартруваме од првите два реда.”
2013 МОНАКО ГП: КИМИ РАИКОНЕН СО ЖЕЛБА ДА ЈА СТАРТУВА ТРКАТА ОД ПРВИТЕ ДВА РЕДА
5/24/2013 01:05:00 AM
0
Share to other apps