Ова ќе биде 71-тo Монако ГП, трка чија историја се протега дури до далечната 1929 година. Викендов следува 60-тата Ф1 трка, а кнежеството го имаше своето деби во првата Ф1 сезона во 1950 година. Потоа имаше пауза до 1955 година, од кога нема пропуштено нити една сезона до сегашната.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел е победик во Монако во 2011 година, заврши на второто место во 2010 година, беше четврти минатата година и имаше извонреден настап на дождливата трка во 2008 година со Торо Росо, кога заврши на 5-тото место. Единствениот пат кога тој не завршил во топ-пет финиш беше во 2009 година, кога тој излета кратко по неговиот прв пит-стоп.
• Марк Вебер има две победи во Монако, минатата година и во 2010 година, кога тој водеше од почеток до крај. Тој, исто така, го забележа својот Прв пласман на Ф1 подиумот, во 2005 година. Во изминатите пет трки секогаш завршува во првите пет.
• Фернандо Алонсо победи тука во 2006 година со болидот на Рено и 2007 со Мекларен, и со оглед на неговата сегашна форма, тој би можел да биде прв возач што победил во Монако со три различни тимови. Како возач на Ферари, тој заврши на подиумот минатата година како трето пласиран и во 2011 година на второ место.
• Фелипе Маса својот најдобар резултат во Монте Карло го има со третото место во 2007 и 2008 година. Во 2008 ја освои Пол позицијата, но трката беше кошмарна за него, и не успеа да забележи победа.
• Џенсон Батон секогаш кога освојувал поени, тоа било со пласман на подиумот. Тој победи во 2009, го освои второто место во 2004 и третото место во 2011 година. Тој двапати не стигнува до целта во изминатите три трки.
• Серџо Перез не се снајдува баш најдобро во Монако. Пред две години тој мораше да се повлече по големиот судир по излезот од тунелот во квалификациите, а минатата година тој го скрши управувачот, повторно во квалификациите. Тој ја започна трката од 23-тата стартна позиција, а ја заврши на 11-то место, забележувајќи го својот прв Најбрз круг во Формула 1.
• Кими Раиконен, исто како и Батон и Алонсо, има комплетен сет на пласмани на подиумот во Монако, победник во 2005, второ место во 2003, трето во 2009 година. Финецот има три пласмани на второ место оваа сезона, но тој нема финиш на истото во последните три трки во Монако. Ако биде втор ќе остане забележан како трет возач со последователни 4 втори места. Другите два возачи се Нелсон Пике во 1987 година и Луис Хамилтон во 2007 година.
• Роман Грожан минатата година ja имаше својата деби трка во Монте Карло, го забележа 4-тото најбрзо време во квалификациите, но за жал поради судир не ја заврши трката.
• Нико Розберг отсекогаш се квалификувал во првите осум во неговите седум Монако квалификации, но има само еден пласман на подиумот забележан во минатата сезона, кога стартуваше од втората позиција и заврши на второто место. Ова второ место е неговиот најнов пласман на подиумот до денес.
• Луис Хамилтон има забележано два подиуми, Победник во 2008 и второ место година пред тоа, на неговата дебитантска трка во Монако. Тој секогаш се квалификува во топ 10 и ја финиширал трката во топ 6, освен во 2009 година, кога го искрши Мекларенот во квалификациите, стартуваше 19-ти и заврши на 12-тото место.
• Нико Хулкенберг има два настапи во Монако, во 2010 за Вилијамс, и минатата година со Форс Индија. На квалификациите со болидот на Вилијамс беше 11-ти, но поради судир не ја заврши трката, а со болидот на Форс Индија беше 10-ти, а трката ја финишира на 8-то место.
• Пол ди Реста ќе ја има третата трка во Монте Карло со болидот на Форс Индија, во 2011 се квалификуваше на 13-тата позиција, а трката ја заврши на 12-то место, за да минатата година назадува на квалификациите со старт од 14-тата позиција, но трката ја заврши на одличното седмо место.
• Адријан Сутил има пет настапи на оваа патека, во период од 2007-11 година. Најдобрата стартна позиција ја забележа во 2010 година, 12-тата, а во 2011 година трката ја заврши на 7-то место.
• Пастор Малдонадо ги заврши своите две трки во Монако кај кривината Saint Devote, пред две години тој беше удрен од Хамилтон, а минатата година тој го удри Педро де ла Роса на стартот од трката.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше 16-ти најбрз возач, а трката ја заврши на 12-тото место.
• Даниел Рикардо минатата година ја имаше својата прва трка во Монако. Се квалификуваше на 15-та стартна позиција, но трката не ја заврши поради проблеми со управувачот во момент кога беше на 14-тото место.
• Чарлс Пик во своето деби во Шпанија со тимот на Марусија не беше во можност да ја заврши трката поради проблеми со елекрониката на неговиот болид. Оваа година со тимот на Катерам, се надева на поголем успех.
• Валтери Ботас, Естебан Гутиерез, Гидо ван дер Гард, Жил Бјанки и Макс Чилтон се дебитанти на оваа трка.
ТИМОВИ
• Мекларен е најуспешниот тим во Монако, со 15 победи, од кои последната е со Хамилтон во 2008 година. Имаат 11 Пол позиции, но во изминатите четири трки тие забележаа само еден пласман на подиумот од осум старта, а тоа беше третото место со Батон во 2011.
• Ред Бул, од перспектива на статистиката, е тимот што треба да се победи на оваа патека. Имаат три последователни Пол позиции, во последните три трки. А во истиот период секогаш завршувале меѓу првите четири болиди, со четири подиуми од шест старта.
• Ферари е втор по Победи во кнежеството со 8, но последната нивна победа беше во далечната 2001 година со Михаел Шумахер, а тоа е голем период од 11 години без победа. Но, тоа не е нивниот рекорд, туку имаат уште два подолги периоди без победа во Монако, кои се надеваме нема да се повторат и тоа: 1956-1974(19 трки) и 1982-1996(15 трки).
• Лотус, својот последен подиум го имаа во 2010 година со Роберт Кубица, кога тимот беше познат како Рено. Е сега статистиката има проблеми со тимовите кои ги менуваат своите имиња, па така се водат дебати дали и чии претходни постигнувања се валидни за овие тимови, или дали може да стане збор за некакво наследување.
• Мерцедес има една Пол позиција тука, во 1955 година со Хуан Мануел Фанџо и само еден подиум, минатата година со Розберг. Напомената за Лотус важи и за Мерцедес АМГ. Болидите на сегашниот тим се квалификуваа во првите седум во секоја од своите три сезони во Формула 1. Како Браун ГП, тимот од Брекли е Победник на оваа трка. Минатата година Михаел Шумахер ја освои Пол позицијата, но мораше да стартува како 6-ти како резултат на казната од претходната трка во Шпанија.
• Вилијамс, од својот последен подиум во Монако во 2005 година, со Ник Хајдфелд на второто место и Вебер, забележаа поени во само уште 5 баврати од 14 старта, а во тој ист период имаат ури 6 откажувања. Последната од 3-те Победи на Вилијамс во Кнежевството дојде пред 10 години, со Хуан Пабло Монтоја.
• Форс Индија има добри трки во Монако, со пет финиши во поени од шест старта во изминатите три години. Само Пол ди Реста не забележа поени во 2011 година, кога тој мораше да отслужи две казни - поминување низ боксовите. Пред 2010 година тимот никогаш не освоил поени на оваа патека.
• Заубер забележа поени само еднаш во осум старта тука во изминатите четири години и тоа со петото место освоено од страна на Камуи Кобајаши пред две години.
• Торо Росо четири години завршува во поени, низа која започна во 2008 година, кога Ветел беше петти, најдобар резултат за тимот на ова патека.
2013 МОНАКО ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
5/25/2013 01:35:00 AM
0
Share to other apps