Судирот на Фелипе Маса беше прв и најголем. Него му блокираа предните тркала на неговиот Ферари при влез во познатата кривина Saintе Devote, изгуби контрола и удри во бариерите. Штетата на неговиот болид беше голема. Кратко време по рестартот на тренингот, Сутил изгуби контрола врз задниот дел од својот болид во областа Massenet, повторно исход судир со бариерите, но овој беше "најнежен" од сите.
Грожан беше една од ретките возачи кој по овие судири реши да постави брзо време, во што и успеа, поставувајќи го второто најбрзо време. Но, при неговиот последен круг тој почна да кочи премногу доцна во Saintе Devote, по евентуално деконцентрацијата од Мерцедесот на Луис Хамилтон кој во тој момент излегуваше од боксовите, и имаше реприза на својот судир од четвртокот.
Со само една минута до крајот на тренизгот, беше покажано црвено знаме, со што и заврши утринскиот хаос во Монте Карло. Квалификациите се закажани за 14:00 CET/MK, а временската прогноза предвидува можност за дожд, кој дополнително би ја зачинил акцијата на оваа улична патека.
ТРЕТ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:14.378 22
2. Роман Грожан Лотус 1:15.039 + 0.661 13
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:15.261 + 0.883 17
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:15.286 + 0.908 17
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:15.311 + 0.933 20
6. Кими Раиконен Лотус 1:15.380 + 1.002 19
7. Марк Вебер Ред Бул 1:15.550 + 1.172 20
8. Пол ди Реста Форс Индија 1:15.594 + 1.216 17
9. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:15.861 + 1.483 15
10. Нико Хулкенберг Заубер 1:15.926 + 1.548 25
11. Серџо Перез Мекларен 1:15.958 + 1.580 23
12. Џенсон Батон Мекларен 1:15.976 + 1.598 19
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:15.976 + 1.598 21
14. Даниел Рикардо Торо Росо 1:16.060 + 1.682 16
15. Адријан Сутил Форс Индија 1:16.068 + 1.690 12
16. Фелипе Маса Ферари 1:16.105 + 1.727 8
17. Естебан Гутиерес Заубер 1:16.427 + 2.049 26
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:16.933 + 2.555 17
19. Чарлс Пик Катерам 1:17.902 + 3.524 20
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:18.102 + 3.724 20
21. Жил Бјанки Марусија 1:18.706 + 4.328 22
22. Макс Чилтон Марусија 1:19.228 + 4.850 22