Фернандо Алонсо изјави дека сите во тимот се особено среќни што го комплетираа четвртокот без посериозни последици, по неколкуте блиски средби со бариерите. Патеката во Монте Kарло се смета за една од поопасните во календарот на ФИА. Шпанецот признава дека се може да се случи на оваа патека, но сепак, тој го прифатил предизвикот.
"Секогаш е убаво да се вози во Монако, но, истовремено е и многу напорно, бидејќи тука повеќе од било каде, треба да направите многу кругови за да се прилагодите на патеката. Јас сум задоволен што успеавме да ја поминеме целокупната планирана програма за четврток, но не треба се да се земе здраво за готово, бидејќи тука наеднаш се може да се промени."
"Ние ќе мора да почекаме до сабота за да видиме до каде навистина сме во однос на нашите ривали, бидејќи тука, на тренинзите, никој не форсира 100% од своите можности. Бариерите претставуваат премногу висока закана за да преземеме ризици на слободните тренинг сесии."
2013 МОНАКО ГП: АЛОНСО СРЕЌЕН ЗА УСПЕШНО ЗАВРШЕНИОТ ЧЕТВРТОК
5/24/2013 01:31:00 AM
0
Share to other apps