Ред Бул со не баш идеален ден !!!
Марк ВеберПрв тренинг: 7-ми со најдобро време: 1:17.020;
Втор тренинг: 5-ти со најдобро време: 1:15.404.
"Мислам дека традиционално ние никогаш не сме биле премногу брзи тука во четврток, а денешниот ден е всушност еден од подобрите кои сме ги имале во последните неколку години. Треба да се биде многу, многу фокусиран овде, а концентрација треба да е многу, многу висока. Ова е предизвикувачка патека за подесувањето на болидот, и ние сакавме да добиеме податоци за нашите перформанси при кратките, но и на долгите стинтови, и мислам дека ние го добивме тоа што го посакувавме. Постојат неколку брзи болиди, а тоа го видовме и на последните неколку тркачки викенди. Кога се ќе се собере, еден разумно нормален ден за нас, добивме многу податоци кои сега треба да се анализираат добро."
Себастијан Ветел
Прв тренинг: 10-ти со најдобро време: 1:17.380;
Втор тренинг: 9-ти со најдобро време: 1:16.014;
"Мислам дека, генерално, се беше во ред. За жал изгубивме доста време во попладневните часови додека направивме некои промени на болидот, но тоа може да се случи во петок, или во овој случај четврток. Ние би сакале да бидеме малку повеќе конкурентни, па ние треба да се обидеме да најдеме повеќе брзина во еден круг. Имавме проблеми со КЕРС-системот, па јас не го користев воопшто на вториот тренинг. Момците знаат што е проблемот и ќе го порават навреме."